Врховниот суд на САД не донел одлука дека вакцините против ковид-19 не се вакцини, односно дека се генска терапија и дека со нив е нанесена огромна штета. Уште помалку имало ваков предмет пред Судот поднесен од Роберт Кенеди Џуниор, актуелен министер за здравство на САД и познат антиваксер, пишува „Вистиномер“. Врховниот суд на САД не донел одлука дека вакцините против ковид-19 не се вакцини, односно дека се генска терапија и дека со нив е нанесена огромна штета. Уште помалку имало ваков предмет пред Судот поднесен од Роберт Кенеди Џуниор, актуелен министер за здравство на САД и познат антиваксер. Архивата на мислењата на Врховниот суд, достапна на неговата веб-страница, покажува дека нема објавена одлука или пресуда на 2 мај 2025 година во која се одлучува по каква било тужба на Роберт Ф. Кенеди Џуниор или се оценува безбедноста на мРНК вакцините, пишува „Вистиномер“.
Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост: Анализираме објава на Фејсбук која вели: ПРЕСУДА НА ВРХОВНИОТ СУД НА САД. ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 НЕ СЕ ВАКЦИНИ! 2 мај 2025 година, Вашингтон, САД (Превземено од Annelin Wind, Groningen, Holland)- Роберт Ф. Кенеди Џуниор, актуелен министер за здравство на САД во Владата на американскиот претседател Доналд Трамп, ја доби својата тужба против сите фармацевтски лобисти. Вакцините против Ковид-19 НЕ се вакцини! Врховниот суд на САД во својата пресуда потврди дека од терапиите со гените Ковид mRNA е предизвикана огромна штетата. Со оглед на тоа што Врховниот суд е највисок суд во САД, сите правни лекови за жалба се исцрпени. Во порака, Роберт Ф. Кенеди нагласи дека овој успех бил можен само благодарение на меѓународната соработка на многу адвокати и научници. Секако, оваа одлука претставува меѓународен преседан. Оваа историска одлука треба да го поттикне остатокот од светот да размисли, бидејќи Нирнбершкиот законик е важечки на меѓународно ниво и е содржан и во членот 7 од Меѓународниот договор за граѓански и политички права.
Упатуваме јавна покана до сите чесни и добронамерни да ја рашират оваа историска пресуда на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави што е можно пошироко, иако корумпираните главни медиуми засега нема да го сторат тоа. За наше добро, но особено за нашите деца и внуци, да не дозволиме лобистите да ни го уништат здравјето непоправливо и да ни ги загрозат животите. Објавата е споделена повеќе од 1.600 пати за два дена. Друга верзија на објавата е споделена речиси 200 пати за два дена. Врховниот суд на САД не донел одлука дека вакцините против ковид-19 не се вакцини, односно дека се генска терапија и дека со нив е нанесена огромна штета. Уште помалку имало ваков предмет пред Судот поднесен од Роберт Кенеди Џуниор, актуелен министер за здравство на САД и познат антиваксер. Архивата на мислењата на Врховниот суд, достапна на неговата веб-страница, покажува дека нема објавена одлука или пресуда на 2 мај 2025 година во која се одлучува по каква било тужба на Роберт Ф. Кенеди Џуниор или се оценува безбедноста на мРНК вакцините. Според официјалниот сајт на Судот, на 2 мај 2025 година имало само закажанo приватно судско конференциско гласање и објавени биле неколку административни одредби, но ниту едно мислење не е објавено тој ден.
Врховниот суд не пресуди дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат непоправлива штета, изјавила тогаш за Ју-ес-еј тудеј Маргарет Фостер Рајли, професорка по право и јавно здравје на Универзитетот во Вирџинија. Рајли рекла дека таквата пресуда не би била во согласност со улогата на судот. Врховниот суд одлучува за примената на законот – прописи, статути и Уставот. Тој не е утврдувач на факти. Може да ги примени фактите врз законот, но не одлучува за нив, додала таа. Кон крајот на мај 2024 година, судот објавил мислење кое се однесува на посебен случај во кој се вклучени Кенеди и демократката сенаторка од Масачусетс, Елизабет Ворен. Во тој случај, федерален судија одбил да ѝ наложи на Ворен да го повлече писмото што го напишала критикувајќи книга за која таа кажа дека промовира недокажани третмани за ковид-19, објави Асошиејтед Прес. Кенеди го напишал предговорот на книгата. Кенеди е споменат во друго мислење издадено во јуни 2024 година, со кое се отфрли оспорувањето на владините напори компаниите на социјалните медиуми да ги отстранат објавите што ги смета за дезинформации. Истиот месец, судот отфрли два случаја поврзани со вакцините поднесени од Children’s Health Defense, непрофитна организација против вакцини основана од Кенеди. Во 2021 година, Кенеди за Асошиејтед Прес изјави дека слично тврдење е „дезинформација“ и иако бил дел од повеќе од 30 тужби за безбедноста на вакцините, ниту една не се појавила пред Врховниот суд. Вакцините против ковид-19 се безбедни и ефикасни, според Центарот за контрола и превенција на болести. Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина. Извор: Новинска агенција МЕТА