Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување. Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам. Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување.
Првиот блок е на редовен годишен ремонт, а третиот е исклучен од мрежата поради намалената побарувачка од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, информираа од Електростопанство на Македонија. Потребите за струја се покриваат преку зголемено производство на хидроелектраните и преку увоз од операторот МЕМО.