Сашко Митовски, градоначалникот кој што изборите ги доби со ветување дека нема да зема плата , ќе ја укине репрезентацијата и дневниците и дека кабинетот ќе го пресели на приземниот кат за да бил поблиску до граѓаните, испорача скандали, насилство, презадолженост, дуплирање и партизација на општинската администрација и пропаст на јавното комунално претпријатие Комуналец.
Единствениот успех на Митовски, каде може да се каже дека нешто постигнал е искачувањето на врвот на поништени тендерски постапки, факт што доволно говори за вистинските мотиви и начинот на кој ја водеше општината.Истиот тој градоначалник повторно е кандидат за втор мандат. Но овој пат поради тоа што приватизираниот и заробен СДС со историски најнизок рејтинг во Крива Паланка, нема друг кандидат.
Свесни за изборниот резултат никој друг не ни помислува да се кандидира. Состојбата во СДС е до толку депресивна што немаа ни внатрешен процес на селекција на кандидати. Сашко Митовски е оставен сам да ги изгуби изборите.Единствено што преостанува е да видиме уште колку скандали ќе приреди до крајот на неговиот мандат и овој пат со кои лажни ветувања прекриени со шарени цвеќиња ќе настапи пред кривопаланчани.Драги сограѓани,Веруваме во Вашата мудрост и сигурни сме дека на претстојните избори ќе донесете правилна одлука. Дека нема да дозволите да бидете излажани и изманипулирани од шарените и горки лаги на Сашко Митовски.