Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оцени дека во последните пет месеци во Србија завладеал терор и страв, но дека, без разлика на сите околности, државата не смее и нема да падне. Тој ги повика граѓаните на Србија во сабота на 12 април да се соберат пред платото на Народното собрание во Белград за заеднички да ги утврдат барањата кои се во согласност со Уставот и волјата на мнозинството. Вучиќ на Инстаграм профилот „budućnostsrbijeav“ изјави дека ги повикува граѓаните на митинг во име на движењето за народот и државата, за што, додава, заеднички ќе утврдат име и ќе напишат програма.
„Ги повикувам и од името на Движењето за народот и државата чие име ќе го одредиме заедно и ќе напишеме заедничка програма. Ги повикувам сите луѓе да дојдат на голем народен собир, на голем собир на нашиот народ, на сите граѓани од 11 до 13 во Белград, централниот собир е на 12 во 19 часот. Пред сè, ги повикувам сите луѓе кои сакаат да ја чуваат, заштитат и одбранат Србија.“, рече Вучиќ.