Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во официјална посета на северниот сосед.
„Го поздравив претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со кого утре ќе имам можност да разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и Европската унија, како и за предизвиците со кои се соочуваме на тој пат. Србија е решена да го продолжи својот европски пат, подготвена да работи со одговорен и партнерски пристап за сите прашања важни за мирот и просперитетот на граѓаните. Верувам во големото значење на дијалогот, отворената и директна комуникација во време на сложени геополитички околности“, напиша Вучиќ на Инстаграм.