Протестот во Ниш и граѓанското и студентското востание беа причина неколку пати да се изјасни и српскиот претседател Александар Вучиќ, а во последното обраќање успеа да најави „контрареволуција“, прогласувајќи ги протестите за „бунт на богатите“, објави Нова.рс. Турнејата на претседателот Александар Вучиќ низ Србија продолжи со посета на Бор. Во пауза меѓу самопофалбите и економските победи, Вучиќ се осврна на протестите на студентите Најави контрареволуција и доаѓање на цела Србија во Белград. Граѓаните на Бор му се пожалија на претседателот на Србија за проблеми со патишта, потреба од брза помош и лекари, а Вучиќ истакна дека за сите тие патишта годинава нема пари, додека за дел од проектите ќе се најдат пари. Потоа даде своој коментар за студентските протести.
Нив не ги интересираат барањата, туку обоената револуција и веднаш требаше да му кажат на народот – ја сакаме главата на Вучиќ“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор, додавајќи дека „по неуспешната обоена револуција, секогаш има контрареволуција“ која ќе ја врати земјата во ред. Вучиќ најави дека наскоро „ќе ја покани цела Србија во Белград“, за, како што наведе, да покаже дека Србија „не е грст овес“. „Наскоро ќе ве поканиме сите во Белград. Ќе ги поканиме сите во Белград, цела Србија, за да покажеме дека Србија не е грст овес што лесно ќе го проголтаат“, рече Вучиќ на митингот во спортскиот центар „Бобана Момчиловиќ Величковиќ“ во Бор.