„Србија наскоро повторно ќе го покаже своето убаво и достоинствено лице на целиот свет, како и на сите оние кои толеранцијата ја сфатија како слабост“, изјави претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
– Додека се подготвуваме да ја преточиме огромната сила на нашиот народ во движење кое силно ќе ја придвижи Србија напред, ние се собираме во парламентот околу идејата за која сонувале нашите предци. Србија ќе продолжи по својот слободарски пат, посилна и погорда од кога било, без оглед на сите препреки. Оние кои ги ставија своите животи, знаење и чест во темелите и историјата на оваа земја се наш светилник и водич за иднината. Србија ќе победи! – напиша Вучиќ на својот Инстаграм.