Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата ќе се обиде да ја зголеми минималната плата од 457 евра на 550 евра, во два чекора, до 1 јануари. Тој нагласи дека ќе се погрижи и пензиите да не се зголемат за помалку од осум проценти и најави дека просечната плата, во најдобар случај, би можела да изнесува повеќе од 1.170 евра во јануари 2026 година. „Ова значи дека минималната плата во Србија тогаш би изнесувала 64.400 динари. Мислам дека тоа би ги надминало очекувањата на сите синдикати“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека министерот за финансии Синиша Мали веќе разговарал со претставници на најголемите синдикати и дека сега претстојат „не лесни“ разговори со работодавачите. „Денес, нашата минимална плата е 53.592 динари, што е точно 457 евра, што во евра е повеќе од три пати повеќе отколку што беше пред 10 или 11 години. Но, не заборавајте дека тогаш имавме повеќе од 525.000 луѓе на минимална плата, а денес имаме само 95.000 луѓе на минимална плата, бидејќи просечните плати се значително повисоки“, рече Вучиќ