Од Општина Гази Баба информираат дека оваа година повторно ќе има финансиска поддршка за секое дете запишано во прво одделение во висина од 3.000 денари.
– Со доделување на еднократна помош во висина од 3.000 денари по дете, сакаме да придонесеме за полесно справување со трошоците кои се јавуваат при подготовката за прво одделение: набавка на училишен прибор и други потребни материјали- соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
За остварување на правото на финансиска поддршка, потребно е родителот или старателот да поднесе барање до Општина Гази Баба, со следните документи во прилог: Извод од матична книга на родени за првачето; копија од решението за старателство (доколку е применливо); Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на подрачјето на Општина Гази Баба; копија од важечка лична карта или патна исправа на родителот кој го поднесува барањето и копија од банкарска картичка и трансакциска сметка на родителот кој го поднесува барањето