16.8 C
Скопје
19/05/2024 08:26
МАКТЕЛ

  

     

 

Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја

      

Муса Куса беше либиски разузнавач и подоцна еден од најактивните министри за надворешни работи на режимот на Гадафи. Тој беше ревносен бранител до последниот час на сите политики на системот, но пред да падне Гадафи го напушти и подоцна замина во егзил, прикажувајќи се за жртва, но и бранител на прозападните вредности против кои се бореше кога беше на државна функција. Во реалноста, ниту режимот на Гадафи го почитуваше и истиот го сметаа за грешка, ниту пак западните држави го сметаа за релевантен борец против тоа што Гадафи го претставуваше. Ова го пишувам затоа што многумина од власта, кои до последниот час го бранат неодбранливото, потребно е да го видат примерот во кој безмалку се претвараат, кога налудничаво произведуваат лаги, шпекулации и наметнуваат погрешни претстави.

   

Потребно е човек и во поразот да биде достоинствен, но очигледно овие денови истите оние кои се причина за тоа народот да биде незадоволен го загубија и тоа малку достоинство што им остана. Како одговорен за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и за кампањата, се чуствувам повикан да одговорам на сите оние прозивки кои во последно време доаѓаат од ДУИ и Бујар Османи дека кампањата и слоганот биле шовинистички, или пак оние од СДСМ дека Македонија повторно твоја, значело враќање на некаков режим… И сочекав да видам дали е ова најдоброто што можат да го произведат, но очигледно, тоа е единственото нешто што и можеа да го кажат, во отсуство на реален наратив.

 

Тврдењето на домашниот Муса Куса во обликот на Бујар дека ВМРО-ДПМНЕ има шовинистички слоган потекнува пред сè поради различното поимање и гледање на Македонија. Тој, на државата која го плаќа гледа како за туѓо ткиво, терајќи етноцентрична агенда која гледаме дека завршува во милионски грабеж грубо злоупотребувајќи ја судбината и на Албанците и на Македонците. А ние на Македонија гледаме како на наше единствено парче земја, едно исто небо, кое ги обединува сите луѓе што живеат во неа. И практично, Македонија повторно твоја е огледалото на неговата немоќ да се спротивстави на концептот кој го надминува она што досега го претставуваше ДУИ, партија која ја монополизираше темата, но и ја киднапира слободата да се говори за правата на Албанците од еден поинаков неполитички и чисто граѓански апсект, ним многу поважен. Затоа што, на крајот кога ќе се сведат сметките, не е важно колку Артан или Бујар ќе повторат ЕУ, ЕУ, туку колку ќе може народот да си ги плати сметките и да обезбеди пристојна живечка за своите семејства.

   

     

И ќе треба да им објаснат на Албанците како е можно тие да живеат со 200 денари на ден, а Артан и Бујар со по 2000 евра на ден. И колку да ја продуцираат темата на поделба на граѓанското ткиво и да јаваат на бранот на Македонци и Албанци, на западна и источна Македонија, на лев и десен брег на Вардар во Скопје, иако звучи клише, тие зборови ја потврдуваат вистината и овој пат дека нема ваша и наша, нема сдсмовска, вмровска, има само една Македонија.

И освен граѓаните ја злоупотребија и довербата на партнерите на државата кои и мислат добро на земјава, затоа што тоа е и систем на вредности и начин на живот, каков ние немаме и како оваа власт во заминување нема ниту намера да има и да застапува. Тоа го бараат и граѓаните. Власта кога ќе каже ЕУ, мисли на завеса со која го покрива срамот од криминалот, ние кога ќе кажеме ЕУ мислиме на вредности за кои ќе се бориме со аргументи и работа.

Што се однесува до тврдењата на СДСМ за наводно повторно враќање на режимот, за некакви си епски битки и отпор на СДСМ, од кои на крајот се сеќавањата за протестите за заштита на пеперутките во Пештани, кога денес молчат за Онкологија, а тогаш кога протестираа за кучето Идриз, кога денес молчат за 14 живи изгорени во модуларната болница во Тетово, Венко им е визионерот и најдобриот избор во 4та ИЕ, а тогаш протестираа за малечката Тамара, и тогаш кога славеа за укинатата радиодифузна такса, а денес кога си подмолчуваат за двоцифрената инфлација. И тогаш кога велеа дека ја бранеле слободата, а денес кога отворено се караат и се пресметуваат со медиуми и новинари… таквото лицемиерие секој ден одново им се удира од глава.

Исто како што е лицемерие да се говори за режим, а толку гласно, ревносно, со воодушевување и изразена насмевка на лицето како стрип јунак од Монти Пајтон, Ковачевски аплаудираше на отворањето на новата зграда на Стариот Театар. Исто како што е вештачка и неприродна наметнатата амнезија дека ДУИ, денес најдобриот партнер на СДСМ, тогаш беа власт во тој период и се дел од сите одлуки врз кои денес го градат тој мит. И на крајот, ставовите за борба против некаков режим, седум години потоа, се тотално ирелевантни, затоа што вистинското и суштинско прашање е како се живее денес. Проблемот е што денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден, системот што е создаден да служи на народот, служи на стотина луѓе од власта.

И го немате правото за да говорите за слобода и демократија, затоа што во времињата кога најмногу говоревте за правда и право, тогаш најмногу крадевте и во исто време ја газевте правдата. Затоа што го посеавте семето на злото, и тоа во моментите кога малтретиравте стотина луѓе по судови, кога внесувавте прво во пртивори, а дури потоа измислувавте обвиненија, и кога главните ликови на криминалот се нечепнати, а лисиците на обични граѓани го викавте „еве дојде живтот“. И за себе ја задоволувавте суетата, а го храневте гневот кај сите останати кога малтретиравте луѓе со милион истраги од кои не произлезе ништо, и тогаш кога се удиравте во гради дека ќе ја згаснете ВМРО, а вашите апологети безобѕирно го хранеа вашето его ситејќи се над туѓите несреќи. Прашајте ги и тие луѓе од медиумите кои ги малтретиравте со истраги и обвиненија, кои ги етикетиравте и бесрамно жигосувавте, а и тие кои тогаш силно ве поддржуваа дали ги направивте вистински среќни или по малку направивте да се срамат од вас. Да не зборувам оние кои пак грубо и денес ги злоупотребивте и на кои гледате како на производна машина за лажни вести од вашиот штаб.

Затоа и жестоко ќе изгубите. И нема да ве спасат не само некакви фалсификувани документи или оперативни планови со кои влеговте во кампањата, ниту 100-тина Асафци или какви и други мешетари кои ви даваат совети од кои треба да си ги побарате парите што ви ги земале, затоа што оваа ваша кампања не само што има спот во кој Ковачевски го промашува голот, туку во својата суштина со своите пораки жестоко го иритира народот и го потсетува зошто треба да ве казнат.

И не заборавајте, бранот што сега ви се случува започна и во моментите кога пред неколку години неколкумина од нас ви протестираа на улиците за штетните договори а вие молчевте, кога ВМРО правеше маршеви и велеше не го слушате народот, државата ја уништувавте, а вие седнати во авиончето лажевте дека сте донеле датум за преговори. Почнавте да паѓате кога арогантно започнавте да се карате и со медиумите, кога мислевте дека можете да удрите и по образованието, да крадете и од печатење на учебници кои ги нема, и да оставате пациенти без лекови и да ги малтретирате докторите и дека сево ова ќе помине. Чекајте го бранот на промени, тој ќе дојде на 8-ми.

И тој револт на народот нема да биде само поради купувањето на Соравија од голобрадо дете, или поради делењето на шамарите во контролата на летањето. Ова се само последните скандали во редицата скандали и криминали поради кои ќе паднете. А имаше безбројно многу. Револтот е и поради името, и поради договорот со Бугарија, и поради модуларната болница, и поради тендерите во РЕК, фалсификуваните пасоши, поради крвавите раце на министрите во здравството… Сметката е отворена, а наплата се собира.

Македонија повторно твоја е и концепт кој укажува на тоа дека државата создадена за народот во моментот ја нема, не функционира и е киднапирана од стотина политичари на ДУИ и СДСМ, а сите останати се од втор ред. Овој концепт е едноставна рефлексија на тоа што е гола реалност, но и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да учи од грешките на сите минати власти и не смее да ги повторува, затоа што народот не смее да се изневери. Овој концепт го нуди сето ова, додека власта не го согледува бидејќи е длабоко забраздена и надвор од реалноста. Народот е мудар и доаѓа време на надеж и верба во принципи и вредности кои мора да победат. Испораката е на 8-ми мај. Останете така. Следува одговорност. Сигурно е само дека Македонија се враќа кај народот.

    

Најново

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski
Вчитувам....