4.8 C
Скопје
23/02/2025 11:53
МАКТЕЛ

    

ГАСОТ ВО ЕУ ЌЕ ПРИСТИГНУВА ПРЕКУ БАЛКАНОТ И БАЛТИКОТ Украина во забрани транзитот, па Европејците најдоа решенија

      

Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.

Одлуката на Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преоблекувањето на гасната политика во Централна Европа, кое започна со инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, се наведува во анализата на француската Фондација „Роберт Шуман“ насловена „Помеѓу Балтикот и Балканот, новата гасна геополитика“. „Русија го запре извозот на гас преку гасоводот Северен поток и преку Белорусија во летото 2022 година, а протокот низ Украина беше значително намален пред целосно да престане од 1 јануари 2025 година, со што гасоводот Турски поток остана единствениот што ги снабдува европските земји со руски гас по копнен пат“, се потенцира во текстот.

Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор. „Производството на гас благо порасна во Унгарија, Полска и, пред се, во Романија, но добиените количества од таму даваат само скромен придонес за енергетската безбедност на регионот. Покрај тоа, неколку централноевропски земји веќе неколку децении уживаат приходи од транзитни такси за гасот. Конечно, повеќето од нив се без излез на море или имаат мали морски брегови. Сите овие фактори ја прават Централна Европа единствен регион“, се додава во текстот.

   

Новата реалност во снабдувањето со гас, според авторите на анализата, резултира не само со намалување на дотокот на енергенсот од Русија, туку и со интензивирање на поврзаноста на релација север-југ и зголемување на меѓузависноста на државите од регионот, како и на зависноста од одредени земји членки на ЕУ. Доказ за тоа, како што се наведува во текстот, е терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во литванскиот град Клаипеда, кој беше клучен за намалување на енергетската зависност на Литванија од Русија и кој сега игра важна улога во снабдувањето со гас на Централна Европа.

„Изградени се неколку гасоводи, со што е зголемена интеракцијата меѓу државите во регионот. Регионот сега има мрежа на терминали и гасоводи што ја зголеми безбедноста во снабдувањето со енергенсот по запирањето на испораките на руски гас“, се посочува во анализата. Натаму во неа се додава дека по прекинот на дотокот на рускиот гас, на важност добија Германија и Полска како „порти за гас“ од САД, Блискиот Исток и Норвешка.

„Германија ги отвори своите први терминали за ЛНГ како резултат на енергетската криза во 2022 година. Капацитетот на увозот се очекува да се удвои до 2028 година, а германските власти долгорочно сметаат на шест терминали, покрај значителниот капацитет за складирање и поврзувањето со терминалите за ЛНГ во Белгија и Холандија. Заедно, овие капацитети значително ќе ја подобрат улогата на Германија во енергетската безбедност на Централна Европа“, се потенцира во анализата.

Кога станува збор за Полска, таа од 2022 година е поврзана со гасовод со Норвешка, а преку терминалот за ЛНГ во Швиноушче, кој е отворен во 2016 година, таа се снабдува од различни добавувачи, со што стана целосно независна од испораките на руски гас и прерасна во главен центар за снабдување со енергенси на Централна Европа.

„Во моментов се разгледуваат планови за изградба на нов терминал во Гдањскиот Залив. Ваквиот објект дополнително ќе ја зајакне улогата на балтичкото крајбрежје. Улогата на Полска, како центар за енергетско снабдување на регионот ќе биде засилена и со поврзувањето со гасовод со Чешка“, наведуваат авторите на анализата.

Од друга страна, покрај од север, гасот пристигнува во Централна Европа и од југ, преку Турција и Балканот, од извори во Азербејџан и Казахстан, со што особено на значење добива Романија, која воедно е единствената земја во овој дел на континентот со значителни резерви на гас. На тој начин, Романија може да стане и центар за поврзување на Азербејџан и грчките гасни терминали од една, и Молдавија и Украина, преку „Трансбалканскиот гасовод“, од друга страна.

„Изграден во време на советскиот период за да ја снабдува југоисточна Европа со руски гас, „Трансбалканскиот гасовод“ сега може да функционира во спротивна насока, снабдувајќи ги Бугарија и Украина“, се вели во текстот.

Но, гасот ги поттикна старите ривалства во регионот, па така, според авторите на текстот, сега Турција и Грција се натпреваруваат која од нив ќе биде „портата“ преку која гасот ќе се транспортира кон Бугарија, а од таму кон Романија и останатите балкански земји.

Во анализата се посочува дека Грција има се поважна улога во снабдувањето на Централна Европа со гас, особено по нејзиното поврзување централна Европа преку грчко-бугарскиот гасен интерконектор ИГБ и со терминалот во Александруполи.

„Целта на иницијативата „Вертикален гасен коридор“, поддржана од Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина, е голем дел од Централна Европа да се снабдува преку грчките терминали и ‘Јужноевропскиот гасовод’. Регионалната интеграција е зајакната и преку договорот „Солидарен прстен“ (СТРИНГ), околу кој во 2023 година се здружија неколку оператори од регионот за да се олесни транспортот на гас од Азербејџан“, се наведува во текстот.

Во анализата се потенцира и дека во отсуство на санкции за рускиот гас, Балканот останува значаен пазар за рускиот енергетски гигант „Газпром“.

„На крајот на 2022 година, Русија обезбедуваше 95 отсто од потребите на гас на Србија (и 25 проценти од потребите за нафта). Србија сепак ја намалува својата зависност од Русија. И покрај нејзината проруска реторика, таа спроведува политика на диверзификација преку неколку проекти со своите соседи за да го компензира недостигот на крајбрежје на кое би можела да изгради терминал за ЛНГ. Имајќи само едно големо складиште (во Банатски Двор), чиј главен акционер е Газпром, земјата постигна договор со Унгарија и Бугарија за користење на нивните складишни капацитети“, се вели во анализата.

Во неа натаму се посочува дека српската компанија „Србијагас“ преку интерконекторот „Ниш-Димитровград“ веќе обезбеди поврзаност преку Бугарија со грчкиот терминал за ЛНГ во Александруполи.

Врските на Црна Гора, исто така, може да зајакнат со планираната изградба на пловечки терминал за ЛНГ во пристаништето Бар во 2025 година со помош на американски капитал.

Кога станува збор пак за Хрватска, нејзиниот гасен терминал на островот Крк, кој беше недоволно искористен до 2022 година, има индиректна корист од намалувањата на руските испораки на гас и сега работи со зголемен капацитет, а дополнително земјата планира и поврзување со „Јужноевропскиот гасовод“ со изградба на „Јонско-јадранскиот гасовод“ од албанскиот град Фиер, преку Црна Гора до Сплит.

„Сите овие иницијативи ја консолидираат улогата на медитеранското крајбрежје, како порта на гасот за Балканот и јужниот дел на Централна Европа и се пандан на сличните проекти долж балтичкото крајбрежје. Инвестициите направени за развој на терминали за ЛНГ и проширувањето на гасоводната мрежа во Централна Европа придонесе за зајакнување на меѓусебната зависност на земјите од овој дел на континентот, но за зголемување на улогата на играчи надвор од регионот, како САД и Азербејџан“, се нагласува во анализата. 

  

Најново

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ, УСАИД ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА Администрацијата на Трамп ќе продолжи со распуштање на агенцијата

Sase Ivanovski

„Топ тема“ – Критики за скалестите маржи на владата

Sase Ivanovski

Дали засилените полициски контроли ќе ги освестат возачите?

Sase Ivanovski

Како се одвивале подготовките пред убиството на Жежовски и грабнувањето на Ѓорчевска

Sase Ivanovski

Русија објаснета со кратко видео

Sase Ivanovski

Немања Стајиќ и приказната за највисоката зграда на Златибор

Sase Ivanovski

ДЕБАКЛ: Не праќајте пациенти на КАРИЛ, им напишал министерот Таравари на директорите на болниците од внатрешноста, каде не постои интензивна нега!

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Ќе дозволи ли Мицкоски да „никнат“ 5 хациенди на плацовите на Груевски и на Мијалков на Водно?

Sase Ivanovski

Германија не може да се позајмувa затоа што Ангела Меркел во 2009-та преку одлука на Бундестагот забранила позајмување над нивото на БДП

Sase Ivanovski

Германија: Третата по големина економија во светот под голем притисок

Sase Ivanovski

САД побарале од Украина да ја повлече резолуцијата со која се осудуваат руските воени операции, Киев одбил

Sase Ivanovski

(Видео) Насилни протести во Германија: Неонацисти и левичари се судрија во Берлин

Sase Ivanovski

Крис Павловски го пофали говорот на Мицкоски:„Еден од најдобрите лидери во Европа“

Sase Ivanovski

Ватикан: Критична e состојбата на папата Франциск

Sase Ivanovski

Маск му одговори на Трамп: „Господине претседателе, ќе го сторам тоа!“

Sase Ivanovski

Зеленски: Безбедносните гаранции се она што го обединува апсолутното мнозинство во светот

Sase Ivanovski

Маск ги демантира информациите за исклучување на „Старлинк“ во Украина: „Ројтерс лаже“

Sase Ivanovski

Британскиот премиер и претседателката на ЕК се заложија за праведен и траен мир во Украина

Sase Ivanovski

Мерц пред изборите во Германија: Левицата е готова

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА МОРА ДА БАРА НОВИ ПАЗАРИ!

Sase Ivanovski

Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски оти на мајчиниот јазик не ги разбира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дончиќ го одигра најдобриот натпревар за Лејкерс и се радуваше против Јокиќ

Sase Ivanovski

Нетанјаху лут на понижувањето врз киднапираните Израелци го одложи ослободувањето на 600 пaлeстински затвореници

Sase Ivanovski

Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот

Sase Ivanovski

Извикувал Алаху Акбар и со нож бодел се пред себе: Во терористички напад во Франција убиено едно лице, повредени неколку полицајци

Sase Ivanovski

360 степени: Ќе го прекрши ли Владата законот сакајќи да го разреши државниот обвинител оти постапувал незаконски

Sase Ivanovski

Левица ја повика власта да го поддржи нивниот предлог закон за укинување на двојазичните декларации

Sase Ivanovski

Временска прогноза: Облачно на планините слаб снег

Sase Ivanovski

Сведоштвата на израелските заложници пуштени од Хамас: Со месеци не држеа во тунели под земја, бевме гладни и тепани

Sase Ivanovski

Од страв по безбедноста, Европа преку продажба на оружје сака да ги затопли односите со Турција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русија ги „рециклира“ ранетите војници и со патерици ги испраќа назад во војна

Sase Ivanovski

Протести и приведувања во градот каде што живее лидерката на АфД во Швајцарија

Sase Ivanovski

„Економист“ со провокативна насловна и анализа за американско рехабилитирање на Путин

Sase Ivanovski

УСАИД заминува во историјата?

Sase Ivanovski

Папата Франциско е во критична состојба по долгата респираторна криза, вклучен на кислород со голем проток

Sase Ivanovski

Македонската натпреварувачка Даниела Алексовска е европска шампионка во ММА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Асенсио и Рашфорд за пресврт на Астон Вила против Челси

Sase Ivanovski

Лазаров: Заслужено сме во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ

Sase Ivanovski

Ќатип Османи веќе не е тренер на Струга Трим Лум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштвата на израелските заложници пуштени од Хамас: Со месеци не држеа во тунели под земја, бевме гладни и тепани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русија ги „рециклира“ ранетите војници и со патерици ги испраќа назад во војна

Sase Ivanovski

Од страв по безбедноста, Европа преку продажба на оружје сака да ги затопли односите со Турција

Sase Ivanovski

Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гега Лавдрим: Државата да ги земе предвид обете барања – и на народот и на трговците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пукната цевка под мостот Влае – Професор д-р Горан Марковски алармира дека мостот е небезбеден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Георгиевски: Не би ја анализирал психичката состојба на Апасиев, за тоа ви требаат соодветни лекари

Sase Ivanovski

Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Полскиот претседател денеска во Вашингтон на средба со Трамп

Sase Ivanovski

МЖСПП: ДУИ не може да се согласи со тоа што Меџити за 6 месеци реализира проекти кои тие не ги ни размислувале 22 години

Sase Ivanovski

ДУИ: Голем скандал во Министерството за животна средина, потврдена злоупотреба на службената должност од Меџити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Доналд Трамп ќе го менува светот или светот ќе го смени него-Адамчески,Кржаловски,-Стадион

Sase Ivanovski

Зеќирија Ибрахими: Време е за традиционалната дефиниција на семејството

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски прв македонски политичар со говор на престижната „СРАС“, подобри услови за студирање на идните лекари и намален процент на сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

УСАИД заминува во историјата?

Sase Ivanovski

Андреј Рубљов со одличен трет сет до пехарот во Доха

Sase Ivanovski

Шест мудри цитати на познатиот психолог Михаил Литвак: „Кажи ми како се справуваш со осаменоста, а јас ќе ти кажам кој си“

Sase Ivanovski

Кејт Мидлтон има опасна телохранителка: Носи два пиштола, искусна е во боречки вештини и веќе 15 години ја чува идната кралица!

Sase Ivanovski

„Стоев гола под туш…“: Никол Кидман проговори за најголемата траума која ја доживеала

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелски заложник ги бакнува членовите на Хамас по ослободувањето

Sase Ivanovski

Протести против десничарскиот екстремизам низ Германија, 10.000 луѓе на митинг во Хамбург

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Ивана Кнез: Учев од сопствените грешки, но сама постигнав сѐ!

Sase Ivanovski

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци: Обдукцијата ќе даде одговор како починал!

Sase Ivanovski

Несреќа во Радовиш: Му се слошило и починал додека возел, автомобилот излетал и удрил во столб

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Ќе дозволи ли Мицкоски да „никнат“ 5 хациенди на плацовите на Груевски и на Мијалков на Водно?

Sase Ivanovski

Жордан Бардела го откажа говорот во Вашингтон обвинувајќи го Стив Бенон за нацистички поздрав

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Целосното интервју на премиeрот Мицкоски на Конференцијата за конзервативна акција во Вашингтон

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Нема „Правда“ за манипулациите на Русија

Sase Ivanovski

Маж прободен со нож кај берлинскиот Споменик на холокаустот, два дена пред клучните избори во Германија

Sase Ivanovski

Државниот инспекторат за животна средина се врати во МЖСПП

Sase Ivanovski

Како Русија ја користи вештачката интелигенција за да ги дехуманизира Украинците

Sase Ivanovski

Малолетните девојчиња се држат на исто место со затвореничките осудени за потешки кривични дела во Затворот Идризово

Sase Ivanovski

Ризикот да се развие рак од рендгенски снимки е мал

Sase Ivanovski

Измамена жена од Пробиштип, во нејзино име подигнати два кредита во износ од над 1 милион денари

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на МАНУ

Sase Ivanovski

УГОСТИТЕЛ ОД ОХРИД „ЗАРАБОТИ“ ПРИЈАВА: На малолетници им служел алкохол

Sase Ivanovski

ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ И СОВРЕМЕН ДОМ ПРИЛЕП ДОКУПИЈА АКЦИИ ВО СКОПСКИ ПАЗАР, СЕГА ИМААТ БЛИЗУ 78 ОТСТО – останува ли неубавиот вкус заради испуштениот „хотелиерски залак“

Sase Ivanovski

НЕТО ПЛАТАТА ВО ДЕКЕМВРИ ПОРАСНА И НАДМИНУВА 43 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – административците имаат најголем раст

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОЛГ Е ДВА МЕТРИ И Е СО ЕДНОСТАВЕН ДИЗАЈН: Украинците развија нов дрон

Sase Ivanovski

БОМБА НА ДНОТО ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Случајни минувачи случајно ја забележале и викнале полиција

Sase Ivanovski
Вчитувам....