Италија претрпе шокантен пораз од Норвешка во квалификациите за Светското првенство 2026, што го забрза заминувањето на Спалети по две години на чело на репрезентацијата.Според извештаите во италијанскиот печат, Клаудио Раниери беше првиот избор за позицијата. Сепак, откако тој ја одби понудата, па федерацијата се одлучи за Гатузо.
Иако деталите од неговиот договор не се познати, „Гаѕета дело Спорт“ објави дека поранешниот играч на Милан потпиша едногодишен договор со опција за продолжување за уште една година доколку Италија се квалификува на следното СП.Гатузо последниот тренерски ангажман го имаше во хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Неговиот прв натпревар како нов селектор на Италија ќе биде годинава дома против Естонија на 5 септември во рамките од мундијалските квалификации.