Даночниот експерт Павле Гацов во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“, коментирајќи го задолжувањето на државата со заемот од Британија, рече дека треба да обезбедиме и алатки во иднина да прибираме повеќе средства, за полесно да враќаме.
„Во овој период од 10 или јас не знам во кој период ќе се враќа каматата, очигледно е дека мора да си ги прибираме поефикасно јавните давачки, буџетските приходи за да обезбедиме во наводници „лесен“, нема лесен бидејќи ова е „перпетуум мобиле“, ако стално се задолжувате а не враќате, во еден момент враќате, тоа ѝ се случи и на Грција. Велам, да обезбедиме и алатки во иднина да прибираме повеќе за полесно да враќаме. Ние сега се задолжуваме, нели сега збориме само за тоа како ќе дојдат пари исто како во семејствата нели, во еден момент треба да ги враќаме“, вели Гацов.