-Точно е дека ние се залагаме за избор на претседател на државата во Собрание. Сме се изјасниле и јавно за тоа, дека ќе покренеме јавна дебата и при уставните измени ќе побараме да се воведе тоа, но кога веќе сме во процес на избори, кога веќе се направени толку трошоци од државниот буџет и кога еден кандидат може да добие легитимитет, не мислам дека во овој случај бојкотот е најдоброто средство за спроведување на едно демократско право, вели Гаши.Очекува дека здружената албанската опозиција ќе има значително покачување на бројот на гласови на парламентарните избори, бидејќи, како што истакнува, голем број на наши гласачи не гласаа на претседателските избори судејќи според шансите кандидат Албанец да влезе во вториот круг.