Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата Вреди, демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.
„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам“, напиша Гаши.
По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од Вреди најавија дека од следната недела ќе почне процедурата за создавање една партиија од коалицијата. Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.