МАКТЕЛ

     

Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување

      

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

   

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал и се вели:

04.09.2023 Ковид Србија. Докази, сведочења од лица. План за депопулација.

Видео материјалот е извадок од интервју на човек кој не е преставен/потпишан, а кој изнесува тврдење дека Србија има таен договор со Фајзер кој подразбира вакцини за кои не се знае што се, а и дека Србија имала договор со Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО е еден од извршителите на проектот на злото. И ние сме склучиле договор за кој јавноста не знае дека постои. Договорот значи дека СЗО презема контрола врз нашиот здравствен систем. Не само тоа, туку и контрола врз лекувањето. А короната разоткри дека многу луѓе не умираат од болеста корона, туку од начинот на лекување кој го пропишува СЗО. СЗО има збор и кога се работи за климатските промени. До таа мера е вплетена. Понатаму, еден од тие облици на специјална војна е што Србија потпиша две спогодби со Светскиот економски форум за генетски истражувања кои подразбираат истражување, генетски манипулации, идентификација на генетскиот код во земјава, па потоа преку тоа се прават разни модели на инфекција кои целат само тој генетски код. За жал, една личност која е дел од тој проект стана министерка за наука во Србија. Тоа не е случајно. Тој проект долго трае, вклучени се повеќе институции а еден од носителите на проектот е една приватна лабораторија од Нови Сад, блиска на министерката за наукавели соговорникот во видеото од постот кој го рецензираме.
Потоа се споделува телоп со фотографија од Јелена Беговиќ, српски микробиолог, молекуларен биолог и министерка за наука. На втор телоп пишува дека таа е ,,координаторка на проектот Ватрено Око, во Белград и Ниш кое почна со работа во 2020 година и на тој начин придонела за зајакнување на капацитетот на тестирање во Србија во текот на пандемијата. Со помош на државата во 2021 се воведува центар за секвенционирање и биоинформатика на институтот и така се овозможува Србија да почне да формира национална банка за геномски податоци“.

 

Целиот материјал во објавата, сосе најавата од сопственикот на профилот, треба да креира слика кај читателите дека Србија била дел од некаков план што го спроведува и СЗО за депопулација, а Србија помага на тој начин што развила генетски истражувања кои потоа помагаат вирусот смртно да нападне што повеќе  лица и на тој начин да помогне при светскиот план за депопулација. Сето ова, се разбира е невистинито и е микс од теории на заговор со крајна цел да ги оддалечи луѓето од вербата во традиционалната медицина.

 

Министерката демантирала дека постои „српски геном“

Самата Јелена Беговиќ ги има демантирано тврдењата за таканаречениот српски геном, кои предизвикале огромни штети кај српската јавност.
Прво и основно, не постои никаков српски геном, ниту пак, било каков друг национален геном. Нашето поднебје се одликува со голема разновидност на гените, зашто Балканот отсекогаш бил подрачје на големи миграциски движења. Ние со години се спремаме за реализацијата на проектот 1000 геноми, за кој се договараме со исклучителен научник и иноватор доктор Радоје Дрманц. Тој потекнува од нашиот Институт за национална генетика и генетичко инженерство, но, во 90 тите замина за Америка и разви технологија за брзо исчитување на геномите, по цена која, кога се работи на голем број примероци, се сведува на 100 долари. А првото секвенционирање, односно исчитување на геномот на еден човек, траело 10 години и чинело милијарда долари, изјави Беговиќ.
Таа додава дека суштината на проектот 1.000 геноми е да се види која комбинација на генетика е типична за одредена популација на Балканот.
Со прецизни критеируми ќе бидат одбрани 1000 поединци и ќе се направи секвенционирање. Со биоинформатичка анализа ќе дознаеме какви се траги оставиле миграциите на Балканот. Ќе биде тоа прилика да раскрстиме со митовите за нашата исклучителна национална генетика. Сите ние на оваа планета сме единствени и со самото тоа исклучителни. Добиените резултати ќе ги вкрстиме со банките на податоци од другите држави, зашто и самите сме дел од една поголема приказна за тоа како се развивал хомо сапиенсот. А се развива и понатаму, за 100 илјади години ако го преживееме сето она кое и го имаме направено на нашата планета, прашање е како ќе изгледа човекот и каков ќе биде, додава Беговиќ.
„Крајната цел е на глобално ниво да се направи голема база на информации и податоци за генетиката, што ќе биде огромен чекор за понатамошен развој, пред се на биомедицината, новите лекови и развојот на новата дијагностика, а не креирање на различни инфекции кои го таргетираат само српскиот генетски код“, како што невистинито се тврди во постот кој го рецензираме.

 

Потрошниот материјал потребен за регионално истражување на геномите ќе биде обезбеден од фирмата „Комплит Геномикс Од Калифорнија, во сопстевност на кинеската БГИ.

Патем, секвенционирањето на човековите геноми се повеќе се користи во различни здравствени системи ширум светот. Тоа го потврдува и српскиот генетичар и професор Миодраг Стојковиќ.

Програмите имаат за цел испитување на гените или на варијанти за да се идентификува зголемен ризик и да се спречи идна болест, на пример зголемени ризици од рак, срцеви заболувања или стерилитет, изјавил професор Стојковиќ.

 

Манипулација и со вакцините и со Светскиот економски форум

Наспроти изнесеното, во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту пак доставува докази. Ковид пандемијата воопшто не опфаќа пациенти зависно од генот или од националноста, ковид беше глобална пандемија. За вакцините, не е точно дека не се знае што се, за нив составот е јавен и еден куп документи од Фајзер се јавни. Договорот за набавка на вакцините е таен во сите земји од светот, не само Србија. Договорот меѓу Светскиот економски форум и Србија е за голем проект кој опфаќа не само геномско секвенционирање, туку и платформа за јавно приватно партнерство и соработка за четврта индустриска револуција, со фокус на работа на вештачка интелигенција и биоинженеринг.

Во врска со тврдењето во постот кој го рецензираме, а кое се однесува на тоа дека СЗО одлучувал какво ќе биде лекувањето против ковид и дека тоа придонело до убивање на пациентите, тоа не е точно. СЗО нема право да се меша во суверенитетот на здравствениот систем на секоја држава и секоја држава решаваше самата како ќе ја лекува болеста, иако даваше факти и препораки, а со оглед на сериозноста на болеста, истата резултираше со неизвесност и бројни смртни исходи. Ваквите тврдења на интерент веќе беа проверени од сервисот за проверка на факти на Дојче Веле во текот на летото.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Со проверка на фактите се утврди дека станува збор за компилација од теории на заговор со цел демонизација на СЗО, демонизација и на вакцините и креирање на лажна слика за некаква завера против пациентите базирано на нивната национална припадност, а со крајна цел депопулација.

 

   

Најново

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski
Вчитувам....