Нема приведени бугарски државјани од екипажот на бродот „Вежен“ во Балтичкото море, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Георг Георгиев. Бродот беше запленет од шведските власти под сомнение за саботажа. Станува збор за оштетен оптички кабел на дното на Балтичкото Море. Шефот на бугарската дипломатијата објасни дека во моментов се водат истраги во Шведска.
„Немаме информации за текот на истрагата, бидејќи таа се уште е во процес. Важно е да се каже дека ниту еден бугарски член на екипажот не е приведен, не се уапсени“, изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев и додаде дека не е покренато обвинение. „Веќе наредив конзулот кој е таму да им пружи целосна помош на нашите граѓани. Чекаме дозвола да се качат на бродот и да стапат во комуникација со нашите луѓе“, објасни шефот на дипломатијата.
Министерот за надворешни работи повторно нагласи дека бугарските морнари се слободни да се движат и да комуницираат со кого сакаат. „Тие се слободни да се движат, да излезат од бродот, да комуницираат со своите најблиски, а против нив на кој било начин не се преземени никакви рестриктивни мерки. Доколку има нешто поради што би биле осомничени или е потребна конзуларна заштита, подготвени сме да обезбедиме таква“, изјави Георг Георгиев. Тој коментира и дека Бугарија како партнер во ЕУ го осудува преземањето на каква било саботажа, што е на штета на која било земја партнер.