
Герасимовски, истакна дека основците од Центар уште еднаш покажаче дека со малку труд, многу љубов и креативност отпадот може да добие нов живот.
„Преку вакви едукативни активности, Општина Центар вложува во подигнување на свеста за значењето на рециклирањето уште од најрана возраст.
Развивањето на еколошки навики кај децата значи градење генерации кои ќе се грижат за својата околина и ќе ги применуваат принципите на одржлив развој во секојдневието. Една училница уредена со рециклирани материјали значи десетици мали умови кои учат да создаваат, а не да фрлаат. Кога децата креираат од отпад – тие не само што учат за рециклирање, туку нè учат сите нас како изгледа вистинската промена. Наша обврска е да ги поддржиме, насочиме и инспирираме. Упатувам честитки до сите наставници и ученици кои се натпреваруваа, горд сум што нашите деца растат со вистински вредности“, рече Герасимовски.