Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
„Како градоначалник, но пред сè како човек што верува во моќта на образованието, длабоко ја чувствувам важноста на денот кога го чествуваме делото на светите браќа – основоположници на словенската писменост, носители на духовност и културен идентитет. Делото на Кирил и Методиј е повеќе од историја – тоа е жива обврска. Ни покажаа дека со знаење се рушат граници, со јазик се гради идентитет, а со просвета се создава напредно и праведно општество. Нивната мисија на ширење на словото на разбирлив јазик била револуционерна за своето време – со неа го потврдиле правото на секој народ да учи, чита и верува на својот мајчин јазик. На овој ден, да се потсетиме дека сме чувари на јазикот, традицијата и вредностите што не’ дефинираат како народ. Да продолжиме по нивниот пат – со знаење, почит и заедништво. Честит 24 Мај – Ден на сесловенските просветители. За многу години!“, истакнува Герасимовски.
Со почит,
Општина Центар