Градоначалникот Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Директно со“ на Прва Скопска ТВ вели дека е задоволен од сето она што го имплементираше заедно со тимот во општината за поубав развој на Центар. Тој истакна дека во изминатиот период се реализираа бројни проекти со кои се подобри секојдневието на центарци.
„Градинката Пролет е еден голем капитален проект за кој сум искрено горд, им симнувам капа и на целиот тим којшто беше вклучен за реализација. Реконструкцијата на салата Работнички се одвива во полн ек. Задоволен сум од тоа што заеднички го постигнавме, го оформивме првото јавно претпријатие во државата „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија, ги подобривме условите во сите училишта. Имаме најдобри услови во сите градинки на територијата на Општина Центар. Имаме три градинки со вкупно 12 клонови во интерес на нашите најмали жители во општината и во тој дел водиме голема грижа. Инвестираме доста финансиски средства да имаат што подобри услови за учење и развој“, рече Герасимовски.