Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски продолжуваат со теренските активности низ маалата, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кој денеска (24 јуни) ќе се одржи во дворот на ООУ „Јохан Х. Песталоци“, со почеток од 18:30 до 20:00 часот.Караванот трае до 7 јули, и предвидува низа отворени средби во сите населби на Центар каде директно се разговара со жителите за реализираното во изминатите години, но и се собираат идеи и предлози од центарци за нови активности и проекти за наредната година.
„Граѓаните најдобро знаат што им треба, а наша обврка е да ги слушнеме и да дејствуваме. Овој караван е простор за дијалог, доверба и соработка, затоа што општината ја градиме заедно. Секоја средба носи нова идеја, нова иницијатива, нова енергија. Овие средби ни даваат јасна слика што им е потребно на луѓето и како можеме уште подобро да одговориме на нивните очекувања. Ги поканувам сите центарци денеска да дојдат во училиштето Песталоци и заеднички да испишеме уште една убава приказна”, вели Герасимовски.
Целта на караванот е зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во креирање на локалните политики.
АГЕНДА 24.06 – 05.07
Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
Песталоци (во дворот)
…
Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
Ул. 50 дивизија (игралиштето)
…
Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
Градски ѕид (ескимо пролазот)
…
Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
НБРМ Плочникот Маџир маало
…
Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
Пазарче Буњаковец
…
Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
Градски парк
…
Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
Водно (кош Тинекс)
…
Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
Пајко маало (филхармонија)
…
Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
Кеј 13 Номеври, кај кафичите
…
Четврток 03.07 од 18:30 до 20:00 часот
Парк Капиштец кај спортското игралиште
…
Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
Крњево
…
Понеделник, 07.07 од 18:30 до 20:00 часот
Кале
Со почит,
Општина Центар