По повод завршувањето на учебната година, Општина Центар организираше незаборавен културен настан за сите ученици од трето одделение од центарските основни училишта. Во Паркот на франкофонијата, децата уживаа во весела и едукативна детска театарска претстава, исполнета со смеа, аплаузи и радост.
На завршниот настан се обрати и градоначалникот Горан Герасимовски, кој им го честиташе крајот на учебната година посакувајќи им убав, весел и безгрижен летен распуст.„Читајте многу книги, дружете се со другарчињата и бидете среќни, љубопитни и насмеани – така најдобро растат дечињата. Ви посакувам и на вас, но и на наставниците среќно и убаво лето“, рече Герасимовски.