Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски и претставници од општината, оствари средба со жителите од населбата Буњаковец, на улицата „Рајко Жинзифов“, со цел да ги сослуша нивните предизвици и предлози за подобрување на секојдневното живеење.Главните теми на разговор беа проблемите со паркирањето и со поставувањето на урбаната опрема од страна на угостителските објекти, што директно влијае на движењето и квалитетот на живот на локалното население.
„Како локална самоуправа, наша обврска е да ги слушаме и решаваме реалните проблеми на граѓаните. Ќе излеземе во пресрет на нивните барања и ќе понудиме конкретно решение кое ќе обезбеди ред, функционалност и почитување на јавниот простор“, рече Герасимовски. Герасимовски, информираше за проектите што се реализираат за развој на Центар.
„Изминатиов период вложивме многу во подобрување на условите за живот на нашите центарци. Реконструиравме 20 улици, засадивме повеќе од 1000 садници, се грижиме за зеленилото и за хигиената во општината, а целосно го обновивме и Паркот во Капиштец“, потенцираше Герасимовски.