Градоначалникот Горан Герасимовски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и вработени од Општина Центар, вчера се сретнаа со жители на Центар кај плочникот кај Агромеханика кадешто заеднички дискутираа за проектите што се имплементираат за развој на Центар и се отворија сите важни прашања – од собирањето на млади на игралиштата и нарушувањето на јавниот ред, сѐ до проблемот со паркирањето, зеленила и оштетени површини.
Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот период се реконструирани 20 улици, а до крајот на месец мај треба да биде готова и реконструкцијата на улицата „Дебарца“ којашто во моментов се работи со полна пареа.
Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот период се реконструирани 20 улици, а до крајот на месец мај треба да биде готова и реконструкцијата на улицата „Дебарца“ којашто во моментов се работи со полна пареа.
„Покрај подобрувањето на безбедноста и условите за движење, ги унапредивме и условите во сите основни училишта и градинки, а пред една недела ја пуштивме во употреба и ново изградената градинка „Пролет“. Ја подигнавме хигиената на повисоко ниво и покрај предизвиците со Комунална хигиена и Град Скопје. Во однос на осветлувањето, веќе поставивме ново осветлување, а детското игралиште е неколку пати санирано и реконструирано, затоа е многу важно заеднички да го чуваме. Да се грижиме за јавното добро“, истакнува Герасимовски. На средбата, се отвори темата и за протекување во подземните гаражи, но и за потребата од санација на фасадите, теми што бараат итна интервенција.
Со почит,
Општина Центар