Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска на брифинг појадок со новинари најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а завршува на 5 јули со средба со граѓаните од реонот на Кале. Герасимовски потенцираше дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три и пол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар.
Заедно со граѓаните ќе креираме политики и идеи и ќе ги реализираме. Самиот караван почнува од населбата Капиштец, од детското игралиште кај „Зебра“. Со општинските служби ќе бидеме заедно со граѓаните и ги слушаме сите нивни предлози и идеи, она што го правиме во текот на годините преку буџетските форуми, истражувањата, анкетите. Нашата цел е да ги слушнеме центарци за нивните предлози и идеи. Се гледаме вечер во маало, рече Герасимовски. Градоначалникот објасни дека целта е преку овие маалски средби, покрај досегашните редовни средби со граѓаните и отворените денови, да се увидат потребите на граѓаните, нивните предлози и идеи, за да се вметнат во општинските програми и да се реализираат проекти кои се целосно во нивен интерес. Заинтересираните граѓани можат да ја погледнат агендата со предвидените маалски средби.
АГЕНДА
Вторник 10.06 од 18:30 до 20:00 часот
Капиштец Зебра паркот
Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот
Дебар маало (клупата Горан Стефановски)
Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот
Пролет игралиште
Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот
Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)
Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот
Зелено пазарче на плочникот
Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот
Средно Водно паркингот
Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот
Парк Капиштец кај спортското игралиште
Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
Песталоци (во дворот)
Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
Ул. 50 дивизија (игралиштето)
Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
Градски ѕид (ескимо пролазот)
Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
НБРМ Плочникот Маџир маало
Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
Пазарче Буњаковец
Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
Градски парк
Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
Водно (кош Тинекс)
Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
Пајко маало (филхармонија)
Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
Кеј 13 Номеври, кај кафичите
Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
Крњево
Сабота 05.07 од 18:30 до 20:00 часот
Кале