
Тој додаде и дека со проектот се планира изградба на ново детско игралиште на делот кој сега е запуштен, под катанец и не е во функција, но нагласи дека за тоа ќе треба да се согласат жителите.
„Наш приоритет е да создадеме уреден и безбеден простор за сите. Со планираните реконструкции и јасно обележани паркинг-места верувам дека ќе воспоставиме ред во населбата”, рече Герасимовски.
Тој ги охрабри жителите да останат активни во креирањето на решенија за нивното маало, истакнувајќи дека токму ваквите средби се важни за подготовка на програмата за наредната година.„Вашата ангажираност е клуч на секој успешен проект. Предлозите и идеите што ги давате ќе бидат земени предвид, токму затоа сме тука со вас“ им порача градоначалникот на центарци.