– ДЕБАР МААЛО – ПАРК
ул. „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан
– ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн“ кај КСП – Центар Јадро
– БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов“
– БУЊАКОВЕЦ
на аголот на улиците „Борка Талевски“ и „Костурски херои“
– ПРОЛЕТ
бул. „Крушевска Република“, спроти Веро Џамбо
– ВОДНО
ул. „Питу Гули“, кај кошаркарското игралиште
„Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух. Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека“.
Со почит,
Општина Центар