Караванот „Се гледаме во маало“ продолжува повторно од вторник, 24 јуни и ќе трае до 7 јули. Овој караван овозможува директна комуникација меѓу центарци и општинските власти преку дискусии за состојбите, за предизвиците, но и за идеи и предлози од кои треба да произлезат нови проекти за наредната година, информира градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.
-Маалските средби се неопходни ако сакаме вистински да ги слушнеме и разбереме граѓаните. Само преку директна комуникација можеме заедно да ги менуваме работите на подобро. Ниту еден проект не може да биде добар, ако не произлегува од вистинските потреби на граѓаните. Затоа средбите и работењето според потребите на центарци се столб на мојата работа како градоначалник. Ги повикувам сите центарци повторно да ни се придружат од 24 јуни, заеднички да испишеме уште една убава приказна за Центар. Маалската средба во Капиштец предвидена за 23 јуни ќе се одржи на 3 јули, посочи Герасимовски.
Караванот досега беше реализиран во населбите Капиштец, Дебар Маало, Пролет, паркингот кај Мр. Џек, Зелено пазарче, Средно Водно. Продолжува во вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот Песталоци (во дворот), среда 25.06 од 18:30 до 20:00 Ул. 50 дивизија (игралиштето), четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот Градски ѕид (ескимо пролазот), петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот НБРМ Плочникот Маџир маало, сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот Пазарче Буњаковец, недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот Градски парк, понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот Водно (кош Тинекс), вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот Пајко маало (филхармонија), среда 02.07 од 18:30 до 20:00 Кеј 13 Номеври, кај кафичите, четврток 03.07 од 18:30 до 20:00 часот Парк Капиштец кај спортското игралиште, петок 04.07 од 13:45 до 15 часот Крњево и понеделник, 07.07 од 18:30 до 20:00 часот Кале