„Секојдневно се соочуваме со неисчистен смет, особено околу преполните контејнери, што претставува проблем во сите скопски општини. Иако контејнерите се под надлежност на Град Скопје и Јавното Комунално Претпријатие, решивме да не префрламе одговорности, туку да преземеме конкретни чекори. Нашите служби изминативе недели самостојно отстранија отпад од многу локации, и покрај тоа што тоа не е под наша ингеренција,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски за МТВ1. Тој додаде дека општината се соочува со слична ситуација на Кале, Крњево и уште неколку населби, каде што сметот не беше подигнат, па општинските служби повторно интервенирале.
„Нашите екипи се постојано на терен и ги решаваат проблемите, иако немаме механизација за подигнување на контејнерите, бидејќи тоа е надлежност на Град Скопје. Како општина располагаме со 120 хигиеничари, цистерна за миење улици и специјализирани возила за чистење на јавните површини, но не и механизација за подигнување на смет од контејнерите.“ Герасимовски нагласи дека ова е проблем во сите скопски општини, но Општина Центар изминативе недели самостојно презема активности за да обезбеди чиста и уредна средина за граѓаните. „Овој проблем бара поголема координација и поддршка од сите институции за да најдеме трајно решение”, додаде Герасимовски.
Со почит,
Општина Центар