Општинските служби редовно се грижат за хигиената , но поставувањето и одржувањето на контејнерите е во надлежност на Град Скопје. За безбедноста е одговорно МВР.
Герасимовски посочи дека со години се залага за воведување комунални редари со проширени ингеренции во општините.„Целта е да го вратиме мирот и редот. Редарите треба да постапуваат при неправилно паркирање, гласна музика, дивоградби и уништување на урбана опрема. Добро би било да имаме поголем број редари кои конечно ќе направат вистински ред“, истакна тој.Жителите побараа и изградба на старски дом. Општината веќе има проект за нега на стари лица во домашни услови, но повозрасните бараат трајни решенија за трајна и соодветна грижа. Герасимовски потврди дека ова барање е едно од најчестите и дека се разгледува можноста за реализација .
Се дискутираше и за оштетените фасади, за кои станарите се пожалија дека се небезбедни и запуштени. Граѓаните беа информирани за повиците на Општината за субвенционирање енергетски ефикасни фасади, но и дека иницијативата и координацијата остануваат кај заедниците на станари.
„Средбите со граѓаните ни даваат јасна слика за вистинските потреби. Нашата работа е да ги слушнеме и да делуваме соодветно“, рече градоначалникот.Караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ денеска продолжува со посета на Маџир Маало, кај плочникот позади НБРМ, со почеток од 18.30 часот.