„Возењето велосипед е една од најдобрите навики што можеме да ги направиме за нашето здравје. Возењето велосипед е едноставен чекор со кој секој од нас може да придонесе за поздрава и почиста заедница. Еден велосипед повеќе значи едно возило помалку и помал метеж во сообраќајот. Ги повикувам сите центарци да аплицираат на повикот и заедно, со мали промени во секојдневието да донесеме големи придобивки за почист воздух и поздрава животна средина, да изградиме едно поубаво место за живеење“, вели Герасимовски.
Субвенцијата што се доделува изнесува 30% од вредноста на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, а за дополнителна опрема како детски седишта и заштитни кациги, граѓаните можат да добијат поддршка до 1.000 денари. Јавниот повик е отворен од 24 март, а пријавувањето се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно, а барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот. За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата на Општина Центар: centar.gov.mk.
Со почит,
Општина Центар