На улиците во Европа има се повеќе кокаин, предупредува германската полиција. Во исто време, поради талибанците се помалку има опиум и хероин од Авганистан. Но, постои вистинско море од синтетички дроги, пишува DW. Шефот на германската Федерална канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), Холгер Мунк, во разговор со германските новинари го користи зборот „поплава“ кога зборува за кокаинот во Европа и особено во Германија. „Ова се должи на заситеноста на пазарот во Северна Америка и поголем фокус на Европа.
Кокаинот многу брзо се шири во Германија. Исто така, германската полиција знае дека јужноамериканските нарко босови не само што имаат огромни суми пари за „подмачкување“ на дистрибуцијата, туку знаат и дека главниот канал за шверц е сè повеќе кружниот тек, пред се преку Африка. Германската полиција забележува промена и на пазарот за хероин. Поради талибанците, кои во Авганистан, во согласност со шеријатските закони, наметнуваат строги казни за одгледувачите на опиум, на пазарот има недостиг, а со тоа е зголемен ризикот зависник да купува хероин помешан со синтетички опијати, што е исклучително опасно, пишува Дојче веле.