Германија почна со финансирање на системи за оружје со долг дострел за одбраната на Украина. Како што објави германскиот дневен весник „Ди Велт“, (Die Welt) потпишан е почетен договор за производство на повеќе од 500 дронови со долг дострел Антонов-196.
Овие камикази дронови имаат дострел од 1.200 километри и носат експлозивно полнење од 50 килограми, поради што се погодни за напад врз така наречени помеки цели на подолги растојанија, што не се посебно заштитени, вклучително и места за складирање и резервоари за гориво.
Министерството за одбрана во Берлин не потврди што точно финансира Германија. Германската Влада ја промени политиката и се повикува на потребата од тајност кога станува збор за воена помош.Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец во Киев потврдија дека Германија и Украина сакаат заеднички да произведуваат системи со долг дострел, како и дронови, крстосувачки ракети и ракети.