33.8 C
Скопје
06/06/2025 12:18
МАКТЕЛ

   

Германија ја предводи Европа во дуелот со Русија

      

Со германски Таурус или без него, Мерц и Германија испраќаат сигнали до Москва, но и до останатите земји-членки на Унијата, дека мора да се забрза воената интеграција и да се изгради европска војска способна да војува на два фронта: како одвратувачка сила во однос на заканите кои доаѓаат од Москва, но и како гаранција во моменти кога Европа се соочува со несигурностите проектирани од Америка на Трамп.

Во помалку од еден месец од доаѓањето на власт, новиот германски канцелар Фридрих Мерц одлучно се оддалечува од позициите и политиките на својот претходник, социјалдемократот Олаф Шолц, особено околу пристапот кон војната во Украина, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.

Додека канцеларот Шолц беше крајно внимателен околу германското мешање во воените динамики, Мерц сѐ почесто и забрзано застанува на страната на Украина. Во кратко време Мерц отпатува до Киев кај Зеленски, ги зајакна напорите за забрзано национално вооружување, силно го поддржа европскиот план за заедничка одбрана и најважно, објави дека повеќе нема никакви ограничувања за дометот на западното оружје што Украина може да го користи против руските сили. Со тоа Мерц ја навести и одлуката, која сѐ уште не е донесена, за испорака на ракети „Таурус“ со долг дострел во Украина, кои можат да се испалуваат стотици километри длабоко во руска територија, но и далеку попрецизно од останатите ракети кои Киев ги добива од западните партнери, како француските „Scalp“ и британските „Storm Shadow“.

   

Оттука разбирливо е дека искрите помеѓу Берлин и Москва околу Украина сведочат за едно забрзување на предизвикот на Путин врз Европа, особено откако американските преговори со Русија завршија во слепа улица, но сведочат и за растечката свест кај Германија и Мерц дека од исходот на конфликтот во Украина зависи европската сигурност и безбедност.

Критики од Москва

Москва изреагира со фронтален напад врз германскиот канцелар, прво обвинувајќи дека Берлин од поодамна и тајно им дал дозвола на Украинците да користат ракети со долг дострел, а потоа и предупредувајќи го Фридрих Мерц дека неговите „Taurus Kepd 350“ ракети ќе завршат „изгорени како и Леопард тенковите“, уништени од руските сили, заробени и потоа изложени како трофеј на руските плоштади.

Од почетокот на војната Путин и неговите најтесни соработници сѐ почесто употребуваа еден поагресивен тон и јазик кон Европа, до степен да ја заменат ЕУ со НАТО како главен стратешки ривал, но тоа што сега се случува помеѓу Берлин и Москва, најавува едно сосема поинакво и двојно забрзување на непријателството.

Една од причините можеме да ја идентификуваме во зарибаните преговори помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. Двата часа поминати на „црвениот телефон“ му имаат разбистрено на Трамп дека Путин во овој момент не е заинтересиран за примирје, дека целта му е да ја претвори Украина во вазална држава и дека пред сѐ купува време со цел да го зголеми воениот притисок врз Киев. Оттука и хипотезата дека Вашингтон може да наметне нови санкции против руската нафта, со цел да го казни секој оној којшто нелегално ја купува, и така да ѝ нанесе сериозни штети на Путиновата воена економија.

Во обид да се избегне ескалацијата, рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, одново ја лансираше идејата за „преговори во Турција“, но истовремено Кремљ ја заострува кризата со Европа со крајна цел да ја оддалечи ЕУ од Америка. Заострениот дуел со Берлин треба да му послужи на Путин за да го спротивстави фронталниот судир со Европа, на срамежливите преговори со Трамп, надевајќи се дека на тој начин ќе го оттурне Вашингтон уште подалеку од Брисел.

Оддалечувањето на двата брега од Атлантикот отсекогаш била стратешка цел на Москва, и овој пат Путин чувствува дека може да го трансформира личниот дијалог со Трамп во корисен инструмент за остварување на своите стратешки цели.

Водечка позиција на Берлин

Но, тоа не е сѐ. Посетата на Литванија, каде што Германија ја распоредува својата прва оклопна бригада надвор од сопствената територија по Втората светска војна, покажа дека официјален Берлин сака да заземе водечка позиција во европската одбрана. Мерц деновиве го посети и Хелсинки со цел да означи поддршка за НАТО сојузникот кој има најдолга граница со Русија од 1.340 километри, и долж која се гради блиндирана одбранбена линија, во страв дека може да следува изненадувачки руски напад.

Како потврда на таквото сценарио се информациите за видно зајакнување на руските трупи во некои од базите пред финската граница, како и за почетокот на масовни воздушно-поморски маневри во Балтичкото Море, со употреба на најмалку 20 воени бродови и преку 3.000 трупи, како поддршка на Санктпетербуршката флота, која веќе е ставена во функција да ги предизвикува меѓународните санкции и да ги следи руските нафтени бродови кои ѝ дозволуваат на Москва нелегално да извезува и да продава нафта, со цел да ги финансира воените напори.

Ескалацијата во северот од Европа е потврдена и од одлуката на Стокхолм и на Хелсинки да создадат заеднички воени контингенти кои би се соочиле со руските трупи во Арктикот, како и од одлуката на Пентагон да го зголеми распоредувањето на трупи во Шведска, каде се изведуваат воени вежби на само 320 километри од руската граница. Сѐ тоа ни објаснува зошто европските земји кои излегуваат на Балтикот, вклучувајќи ја и Полска, стравуваат дека евентуалната победа на Путин во Украина, може да ги направи идна мета и цел на руската агресија, и од тие причини бараат заштита и гледаат кон Берлин како клучен сојузник.

Ако на сѐ тоа додадеме дека Германија е клучната земја на континентот, дали економски или индустриски, за реализација на проектот за заедничка европска одбрана, тогаш не е тешко да дојдеме до заклучокот дека кошкањето помеѓу Берлин и Москва всушност ни опишува една ескалација на тензии, било политички или стратешки, долж жешката граница која ја дели Европа, од украинските ровови, до финските езера, поминувајќи преку Белорусија, Полска и Балтичките држави.

Со германски Таурус или без него, Мерц и Германија испраќаат сигнали до Москва, но и до останатите земји-членки на Унијата, дека мора да се забрза воената интеграција и да се изгради европска војска способна да војува на два фронта: како одвратувачка сила во однос на заканите кои доаѓаат од Москва, но и како гаранција во моменти кога Европа се соочува со несигурностите проектирани од Америка на Трамп.

Овие напори набрзина и итно ги спроведуваат шест земји, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Полска и Шпанија, односно, најголемите и најмоќните земји во Унијата и Европа, кои сега треба да пронајдат политичка кохезија која е неопходна за споделување на економските и стратешките напори со цел да се гарантира сигурноста и безбедноста долж источните граници на Унијата. Германија силно и одлучно, како лидер на Унијата го започна својот дел од задачата, сега е трка со времето, тоа да го направат и останатите.

   

Најново

Технополитичкиот судир: Маск – Трамп и иднината на Америка (2025–2030)

Sase Ivanovski

ФОТО Невреме го зафати Прилеп, неколку дрвја паднати

Sase Ivanovski

ЛЕТОВО КОНЕЧНО ЌЕ ВОЗИМЕ ПО АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД, ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

МАСК ГО ОБВИНИ ТРАМП ДЕКА Е ПЕДОФИЛ: Време е да се фрли голема бомба – Доналд Трамп беше вмешан во досиејата на Епстин . Тоа е вистинската причина зошто тие не беа објавени

Sase Ivanovski

Стив Банон: Трамп треба да го депортира Маск и да го преземе СпејсИкс

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Честит Курбан Бајрам. Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Езерото „Младост“ кај Велес претворено во мочуриште – алармантна состојба и еколошка деградација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница со желби за мир, благосостојба и хармонични односи меѓу луѓето

Sase Ivanovski

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина и надеж да бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова со честитка: Курбан бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата

Sase Ivanovski

Гаши: Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство

Sase Ivanovski

Дете повредено од соученик со нож во основно училиште во Тетово

Sase Ivanovski

ПАД НА ПРОФИТОТ НА ВИЗЕР откако петтина од авионите принудно ги приземји проблемот со моторите

Sase Ivanovski

Норвешка го оценува Светското првенство 2025 во скијање како катастрофа

Sase Ivanovski

Жерновски тврди: ЕПП ја повлече поддршката за Извештајот за Македонија, ете колку тежи влијанието на ВМРО-ДПМНЕ и каков авторитет имаат

Sase Ivanovski

Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

Sase Ivanovski

ФФМ: Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“!

Sase Ivanovski

Акциите на Тесла паднаа, исчезнаа 152 милијарди долари лично богатство на Маск: Еден ден расправија со Трамп го чинеше скапо!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Курбан Бајрам е симбол на пожртвуваност, духовна чистота и грижа за другите

Sase Ivanovski

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Sase Ivanovski

Клековски: 12 од повредените во дискотеката „Пулс“ се уште се на болничко лекување

Sase Ivanovski

СДСМ: Љутков го унапредил својот шофер во кабинетски службеник само за да зема 30% поголема плата

Sase Ivanovski

Дали измамите со храна се организиран криминал? Купуваме месо и мед, јадеме пилешки желудник и гликозни сирупи!  

Sase Ivanovski

Георгиев: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија

Sase Ivanovski

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ ЗАБАВУВААТ НА СМЕТКА НА ТРАМП И МАСК

Sase Ivanovski

Најчести проблеми во бракот или врската што водат до развод

Sase Ivanovski

Документи потврдуваат: СДСМ ја објави вистината за злоупотребите на Љутков

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Реформите во економијата даваат позитивни резултати со раст од 3,2%, со Оперативниот план 2025 ќе има подобра заштита од шумски пожари со 400 нови пожарникари

Sase Ivanovski

Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани, власта гласаше против

Sase Ivanovski

Германија: Авион на „Рајанер“ принудно слетал поради силни турбуленции – деветмина се повредени

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ ПОП ДОБИ ПОДАРОК ОД СВОИТЕ ДЕЦА ОД 100 000 ЕВРА ЗА 25 ГОДИНИ СВЕШТЕНИК

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло, попладне дожд

Sase Ivanovski

Незири: Одложувањето во ЕП е победа за нас, го вративме проблемот на европската агенда

Sase Ivanovski

Трамп се заканува со поништување на владини договори на „лудиот“ Маск

Sase Ivanovski

Конфликтот меѓу Трамп и Маск се продлабочува: Обвинувањата и заканите се жестоки

Sase Ivanovski

„Немам разговарано со Мицкоски за кандидатура за градоначалник на Скопје“, вели Перински

Sase Ivanovski

Големо невреме поплави ниви и пластеници во Муртино

Sase Ivanovski

Арсовска до Елмази: ДУИ побегуљо, во Чаир ти живееш во незаконска дивоградба стан гратис, си плачел по дома дека си фатен

Sase Ivanovski

Бугарин сакал да влезе во Македонија со електрошокови и солзавци

Sase Ivanovski

Промена на правилата – волците повеќе не се строго заштитени во ЕУ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Курбан Бајрам нè учи да бидеме дарежливи, порача поглаварот на ИВЗ Фетаи

Sase Ivanovski

Александар Мурговски е избран за претседател на надзорниот одбор на ЕСМ

Sase Ivanovski

Српската полиција уапси уште 7, вкупно уапсени 18 студенти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спектакл во Штутгарт: Шпанија во натпревар со девет гола ја победи Франција

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Македонците во Измир традиционално го најавуваат Курбан Бајрам со песни од родниот крај

Sase Ivanovski

Божиновска: Чебрен е сериозен проект – најдобро е да биде наш, македонски капацитет

Sase Ivanovski

Телата на двајца израелски заложници пронајдени во Газа, потврди Нетанјаху

Sase Ivanovski

МВР продолжува со дигитализација и приближување на услугите до граѓаните, две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Четири децении под ведро небо: Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

Sase Ivanovski

Охриѓани со “шарена револуција!” ќе бираат нов митрополит!?

Sase Ivanovski

Србија прати воен разузнувач за амбасадор во Бугарија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Економските мерки и политики на Владата даваат резултати, според Евростат раст на БДП од 3,2 проценти во првиот квартал

Sase Ivanovski

Општините од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се вмрежија и ги зајакнаа капацитетите за интеграција на РЕСИ алатката во локалното планирање и буџетирање

Sase Ivanovski

Митески: Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлива во сите општини

Sase Ivanovski

СДСМ: Пеколот во Пулс го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

Sase Ivanovski

Герасимовски: Започнаа интервјуата – 8 студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари

Sase Ivanovski

ДУИ одбележа 23 години од основањето – Ахмети бара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

Sase Ivanovski

Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Sase Ivanovski

СДСМ: Економијата е пред колапс, каснат плати, дали Буџетот е празен? Дали не чека грчко сценарио?!

Sase Ivanovski

На протест ќе се бара од институциите да покажат дека се кадарни да обезбедат заштита и да се започне со затворски казни за убијците на животни!

Sase Ivanovski

ИДФ соопшти дека тројца војници загинале во северниот дел на Појасот Газа

Sase Ivanovski

За ВМРО-ДПМНЕ се злонамерни и лажни обвинувањата на СДСМ за злоупотреби во Министерството за култура и туризам

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – МВР лансира две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk за поедноставен пристап до јавни услуги, Македонија со нова образовна стратегија, засилена соработка со Франција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски ги излажа Прилепчани!

Sase Ivanovski

В сабота „Марш за ангелите“ во Кочани!

Sase Ivanovski

Владата бара 400 пожарникари за 24.000 денари плата, експерти: Младите гледаат како побрзо да дојдат до пари

Sase Ivanovski

Арсовска до Елмази: ДУИ побегуљо, во Чаир ти живееш во незаконска дивоградба стан гратис, си плачел по дома дека си фатен

Sase Ivanovski

Елмази до Данела: Дали молчиш за дивоградбата во Сарај поради твојот пријател Беџети?

Sase Ivanovski

Трамп: Не знам дали сe уште ќе имам добри односи со Маск

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го замолил Путин да не реагира по украинските напади со дронови врз руски бази за воени авиони

Sase Ivanovski

Полскиот премиер Туск ќе побара гласање за недоверба на неговата влада

Sase Ivanovski

Бугарин сакал да влезе во Македонија со електрошокови и солзавци

Sase Ivanovski

Еврокомесарката на удар на БГНЕС: „Билатералниот неуспех“ на Марта Кос

Sase Ivanovski

ФОТО: Се запали товарен брод со 3000 автомобили на брегот на Алјаска

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ужасно злосторство во САД: Татко ги убил трите ќерки, полицијата трага по него

Sase Ivanovski

САД: Шокантни детали за убиството на трите девојчиња, полицијата трага по нивниот татко, обучен воен ветеран

Sase Ivanovski

Семејна трагедија во украинскиот град Прилуки, во рускиот напад загина семејството на пожарникар

Sase Ivanovski

Олимписката шампионка Иман Калифa е биолошки маж

Sase Ivanovski

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Sase Ivanovski
Вчитувам....