Кандидатот за нов канцелар на Германија сака следната недела да гласа за резолуција со која се предлага да се прогласи вонредна состојба во земјата поради приливот на илегални мигранти, објави денеска Билд. Според изданието, Фридрих Мерц, кој е кандидат на конзервативната Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), сака да прогласи вонредна состојба во однос на азилот, што ќе го заобиколи европското законодавство на германските граници.
– На мигрантите треба постојано да им се одбива влез на германските граници, а оние кои се законски обврзани да ја напуштат земјата да бидат притворени до депортација – наведува Билд. Во септември германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, нареди воведување привремени контролни мерки на сите германски копнени граници со цел да се намали протокот на мигранти како дел од борбата против терористичката закана. Во писмото со објаснување до Европската комисија, Фезер рече дека ресурсите на земјата и на поединечните сојузни држави за прифаќање мигранти се „практично исцрпени“.(4news)