МАКТЕЛ

     

Германската десничарска партија АфД сака послушна младина

      

Десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија сака да основа нова младинска организација. Постоечката организација Млада Алтернатива стана премногу радикална – и премногу независна. Млада Алтернатива (Junge Alternative, JA), младинската организација на партијата Алтернатива за Германија (АфД) , веќе некое време е под надзор на Германската служба за заштита на уставниот поредок. Но, тоа не е вистинската причина поради која оваа партија, чии делови се сметаат за екстремно десни, сака да ја формира својата нова младинска организација.

На почетната страница на Млада Алтернатива е истакнат слоганот „Младите во отпор“, а во позадината се прикажува забрзано монтирано видео од протест на Млада алтернатива, кое се врти без престан и на кое, се чини, се гледа лице кое го гестикулира поздравот на Хитлер. Погледот на програмата на Млада Алтернатива открива тематски сличности со матичната партија АфД , но Млада Алтернатива повремено се појавува со порадикални слогани како „Нашиот народ на прво место!“. На Инстаграм промовираат „ремиграција“, и тоа не како некој „таен план, туку како ветување“, а на 31 октомври објавуваат честитки за „Среќен ден на ремиграцијата“. Млада Алтернатива ги отфрла „ЛГБТК/родовиот апсурд“, „масовната миграција“ и „корона-режимот“. Програмскиот пасус за „германскиот народ“ сега го кријат зад лозинката на нивната веб-страница.

   

Млада Алтернатива „го нарушува човечкото достоинство“

Поради ваквите ставови, германската Служба за заштита на уставниот поредок ја класифицира Млада Алтернатива во категоријата „потврдена екстремно десничарска организација“. Со тоа е овозможено да се следи со помош на тајни методи. Против ова и Млада Алтернатива и АфД поднесоа тужба пред Управниот суд во Келн, но безуспешно. Во февруари судот заклучи дека Млада Алтернатива е „екстремистичка организација“. Судот смета дека Млада Алтернатива се залага за „дефиниција на нацијата заснована на етничко потекло“, при што мигрантите се „омаловажуваат и на тој начин се лишуваат од човечкото достоинство“ – чија неповредливост и заштита е запишана на почетокот на германскиот Устав.

Посилна врска меѓу младите и АфД

Иако АфД успеа да ги освои гласовите на младите гласачи на последните избори во Германија, благодарение на подмладокот, партијата јасно верува дека ситуацијата станува премногу ризична. Иако лидерката на АфД, Алис Вајдел, во интервју за германскиот јавен сервис АРД изјави дека одлуката за формирање нова младинска организација нема никаква врска со надзорот на Службата за заштита на уставниот поредок, се чини дека партијата сака поголемо влијание врз младите, особено пред изборите во февруари.

АфД стравува дека недостатокот на влијание врз сопствената младинска организација може да стане проблем. Особено што сè повеќе критичари бараат забрана на АфД, а Сојузната канцеларија за заштита на уставниот поредок продолжува да собира докази за тоа колку АфД како партија е генерално екстремна.

Во моментов, Млада Алтернатива е правно независна асоцијација со сопствен статут, програма и членство. Идната младинска алијанса треба да биде дел од АфД. Предноста на овој модел, според Вајдел, е што партијата би можела да влијае врз членовите на организацијата преку арбитражни правила, што сега не е можно. Планирано е и секој член на младинската организација автоматски да стане член на АфД. Во моментов, само половина од 2.400 членови на Млада Алтернатива се членови на АфД.

Денис Холох од Млада Алтернатива вели дека одлуката за реорганизација на младите нема никаква врска со оценката на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок дека организацијата е десничарско екстремистичка. Тој подготвил писмено барање за реорганизација по налог на извршниот комитет на АфД и добро ја знае перспективата на Млада Алтернатива, чиј член е и тој. „Станува збор за овозможување на партијата и на младинската организација да растат заедно“, рече Холох во интервју за АРД „За мене е важно да имаме функционална младинска организација во иднина“.

Нова организација пред изборите

Доминик Шумахер од Сојузната асоцијација за мобилен консалтинг, која се занимава со прашања на десничарскиот екстремизам, смета дека партијата сака да го ослабне притисокот: „Овој потег покажува дека партијата се плаши од забраната и сака да го спречи развојот на настаните. Проблемот не е само во Млада Алтернатива – проблемот е самата АфД“.

АфД планира да формира нова младинска организација пред изборите, за што ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови на партискиот конгрес во јануари за да се промени партискиот статут. Еден од моделите предвидува дека секој член на партијата помлад од 36 години автоматски станува член на младинска организација. Млада Алтернатива засега не ги коментира овие предлози.(dw)

   

Најново

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski
Вчитувам....