Според неговите планови, полицајците во иднина би можеле да бидат опремени со пиштоли за зашеметување. Овие пиштоли, познати како тејзери, се преносни уреди за електрошок кои предизвикуваат привремена имобилизација преку директен ефект врз невромускулниот систем.
„Убеден сум дека тие се апсолутно неопходни за полицијата“, рече Александар Добрид во интервју за Funke media, најавувајќи дека потребната законска рамка ќе биде донесена оваа година. Како оправдување тој ги наведе „зголемената закана на јавните простори“ и заштитата на полицајците во случај на напад со нож.
Министерот за внатрешни работи Александар Добрид, како што е наведено од веб-страницата tagesschau.de, се залагал за употреба на електрошокови дури и како член на главната опозиција, меѓутоа претходната влада под канцеларот Олаф Шолц и многу пратеници на социјалдемократите изразија забелешки за електрошоковите, оружје кое, на крајот на краиштата, е контроверзно.
Според официјалните податоци, криминалот во Германија е на алармантно високо ниво во последните години, а минатата година 305 полицајци биле нападнати со ножеви.Според Ралф Кустерер, потпретседател на Германската полициска асоцијација, „спиралата на насилство“ врз полицајците постојано се зголемува и полицајците треба да имаат средства да ја заштитат јавната безбедност и себеси.
Нов инцидент со нож во Минхен
Насилството со нож е неделен терор во Германија. Синоќа во Минхен, 30-годишна жена од бугарско потекло со психијатриски проблеми нападна две лица со нож. Жртвите, 56-годишен маж и 25-годишна жена, беа полесно повредени.30-годишната жена која нападна двајца минувачи во областа Терезиенштат во Минхен – каде што се одржува познатиот Октоберфест – заврши во градска болница откако беше застрелана од полицијата. Таа беше оперирана, но на крајот им подлегна на повредите.