Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот, домашната разузнавачка агенција на земјата, штотуку издаде ажурирано соопштение за својата истрага против екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“, класифицирајќи ја како „потврдена десничарска екстремистичка организација“. Германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот, домашната разузнавачка агенција на земјата, штотуку издаде ажурирано соопштение за својата истрага против екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“, класифицирајќи ја како „потврдена десничарска екстремистичка организација“.
Како што забележаа германските медиуми, претходно само државните здруженија на „Алтернатива за Германија“ во одредени делови од Германија беа класифицирани како такви, но на националната партија ѝ беше даден понизок, „сомнителен“ статус, пишува Гардијан. „Шпигел“ објаснува дека промената во класификацијата – поткрепена со извештај од 1.100 страници за партијата – го намалува прагот за следење на партијата преку разузнавачки средства.
„Концепцијата за луѓето заснована на етничка припадност и потекло што преовладува во партијата не е компатибилна со слободниот демократски поредок“, се вели во соопштението на домашната разузнавачка агенција. „Тоа има за цел да ги исклучи одредени групи на население од еднакво учество во општеството, да ги подложи на третман што го крши уставот“, пишува во соопштението. Извор: Новинска агенција МЕТА