Градот Ајзенхутенштат, којшто се наоѓа на границата со Полска, нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа, со цел да привлече нови жители и да ја обнови заедницата, пренесува „Н-1“. Апликациите се отворени до почетокот на јули.
Избраните кандидати ќе живеат во опремен стан од 6 до 20 септември како дел од „иновативниот проект за имиграција“ насловен „Направи план сега“, додава Градскиот совет.За да им помогне на кандидатите „да го почувствуваат“ градот, советот ќе понуди низа активности, вклучувајќи патувања и излети. Властите ќе ги охрабрат кандидатите да останат трајно во градот со околните компании коишто нудат поволни можности за интервју, стажирање и работа.
„Проектот е наменет за сите заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се патници, луѓе заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени луѓе кои бараат промена на живеалиштето. Тие ќе имаат можност да го запознаат животот, работењето и заедницата (на Ајзенхутенштад) за време на 14-дневен пробен престој – бесплатно и во центарот на градот“, соопштија властите.Ајзенхутенштат ја има најголемата интегрирана фабрика за челик во источна Германија, којашто вработува 2.500 луѓе, а исто така е центар за обработка на метали.foto eisenhuettenstadt.de