Првиот човек во ресорот здравство, Арбен Таравари соопшти дека Клиниката за онкологија има склучено договори со повеќе веледрогегии како „Алкалоид“, „Пановски“ и уште 2-3. Вели дека отворена е конкуренцијата и се нема предрасуди. Вредноста е некаде од 500 до 700 илјади денари. Дел од терапијата е веќе стигната, утре стигнуваат уште два и во понеделник уште лекови, информира денеска Таравари. Според министерот, „првпат се случува во нивно време, десет дена да нема терапија“, но, како што вели, „95% од пациентите се третираат и има терапија и немаше само за 5%“.
-Постои мито – тоа е непобитен факт, меѓутоа колку е тоа, треба да се докаже и да има судска пресуда. Ги охрабрувам сите кои ќе имаат факти, да ги донесат кај нас, во МВР или кај раководителите на клиниките, изјави министерот. На новинарско прашање дали треба јавно да бидат имињата на докторите кои бараат мито, Таравари вели дека постои презумција на невиност и дека „не се судии ниту полиција“.