33.8 C
Скопје
16/06/2025 15:08
МАКТЕЛ

   

Ги пречекоруваат ли дипломатите своите овластувања во земјава?

      

Прашањата дали и колку дипломатите ги пречекоруваат своите овластувања во Македонија одново се реактуализираа во домашната јавност откако . Овие дилеми се наметна деновиве откако премиерот Христијан Мицкоски, по јасната порака на амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер дека распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет ќе претставува директно мешање во независноста на судската власт и ќе предизвика сериозна загриженост, оцени дека „станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“.

   

Ваквата порака на Мицкоски, според домашната стручна јавност претставува употреба на несоодветна терминологија на премиерот во односите со странските дипломати. Во сублимиран заклучок стручната јавност со која се консултираше „Слободен печат“ е со став дека во одредени случаи во минатото дипломатите ги пречекорувале границата и овластувањата што ги носи нивниот статус во земјата, па се случувало и честопати да има и реакции од МНР. Според експертите, имајќи предвид дека ние сме земја членка на НАТО и аспирант на ЕУ мораме да имаме разбирање и слух за она што ни се кажува однадвор во однос на реформите кога станува збор нашата евроинтеграција. Проф. д-р Горан Рафајловски, поранешен македонски амбасадор во Германија и актуелен професор на Универзитетот за применети науки во Берлин за „Слободен печат“ вели дека терминологијата употребена од домашните политичари дека странските амбасадори со нивните совети за реформите дома се мешаат во внатрешните работи во државата е по малку груба.

Горан Рафајловски, поранешен македонски амбасадор во Германија / Фото: Принтскрин
– Не станува збор за пречекорување на границата и овластувањата што ги носи нивниот статус во земјата. Напротив, темата е многу сложена и не можеме едноставно да понудиме решение или некаков политички став кој ќе важи од сега па понатаму за оваа проблематика. Премиерот Мицкоски се обидува да балансира помеѓу дипломатите и извршната функција која тој ја извршува. Но, ако кажеме дека дипломатите се мешаат во внатрешните работи на една земја е многу груба терминологија. Ние како млада демократија која зрее на својот пат до ЕУ и европските вредности мораме и треба да бидеме приклонети кон надворешната добронамерна критика. Во таа смисла, и во тој процес на зреење кон ЕУ повеќе од јасно е дека ќе имаме пречки кои ќе треба да ги решаваме во името на демократијата, слободата и итн. – објаснува долгогодишниот дипломат Рафајловски.

Тој додава дека ние како држава имаме објективни и субјективни потешкотии. И тоа „мешање“ можеме да го смениме со препораки или совети на дипломатите. Според Рафајловски, пораките на амбасадорите се кажани во смисла на нашата демократија и општество да јакнат на патот кон ЕУ и што побрзо да ги достигнат европските вредности.

– Тоа мешање е подобро да се каже дека е препорака во смисла на пријателски совет и поткрепа за подобро да одиме на тој пат. Секако, ние имаме национално достоинство и гордост и тоа е сè убаво. Но, во исто време треба да покажеме и одредена доза на толерантност и да сослушаме и почекаме што ни се кажува па до некаде тоа и да се прифати – заклучува поранешниот амбасадор Рафајловски.

Со сличен став е и поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин. Тој вели дека кога зборуваат странските амбасадори во домашната јавност тие не зборуваат во свое лично име, туку ја пренесуваат позицијата на нивната држава. Во случајот со американската амбасадорка Агелер и нејзините совети за судството, како што појаснува Ружин, тоа се пораките на американскиот Стејт департмент, а не на Агелер.

Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО / Утрински брифинг

 

Ружин додава дека во нашата досегашна политичка еволуција земјава имала голем број критики од нашите партнери како САД и ЕУ, почнувајќи од воспоставување на превентивната дипломатија во 90-тите, преку интервенција на странските институции во решавањето на конфликтот од 2001 год., Пржинскиот договор, препораките на Прибе и итн.

– Како земја која има амбиции да стане членка на ЕУ, во тие процеси државата повеќе од јасно е дека губи дел од суверенитетот со отстапување и приспособување на законите со Брисел односно со Унијата. Со Договорот за стратешка соработка со САД и пристапувањето кон ЕУ повеќе од логично е дека ќе се укажува од надвор на одредени слабости во домашниот систем. Многу ретко странските амбасадори во земјава излегуваат да критикуваат, напротив тие само ги повторуваат ставовите кои се веќе познати за одредена област во земјава – вели Ружин.

Тој дообјаснува дека странските амбасадори во Скопје во нивниот мандат се однесуваат главно според она што им се пропишува во Виенската конвенцијата за дипломатски односи, но има и такви кои отворено посочуваат за домашните проблеми, но, според Ружин, на таквите забелешки не треба да се гледа како мешање во внатрешните работи на Северна Македонија.

Домашната стручна јавност е со заклучок дека за ваквите состојби до некаде се виновни и претставниците на домашниот политички естаблишмент, кој низ годините дозволил ова дејствување на амбасадорите да стане секојдневие и тие во земјата да имаат одлучувачка улога во политиката, наместо да се трансмитери на ставовите на своите матични земји.

Од Министерството за правда со умерени ноти

Во меѓувреме од министерот за правда Игор Филков ги поздравува изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Анџела Агелер изнесени во однос на статусот и функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и очекува да се интензивира соработката во периодот кој претстои“.

Како што информираше ресорното министерство веќе се финализира нацрт верзија на законот за судски совет кој експертската група го подготвувало повеќе месеци. Текстот ќе биде прикачен на ЕНЕР за сите заинтересирани да можат да дадат забелешки и коментари. По ова, министерот планира да отвори широка и јавна  дебата во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската јавноста со цел да се дојде до најдобро заедничко прифатливо решение. Текстот на законот ќе биде доставен и на мислење на Европската комисија и Венецијанската комисија, информираа од Правда.

Инаку евроамбасадорот Гир изјави дека распуштање на Судскиот и обвинителскиот совет е мешање во независноста на судскиот систем и тоа ќе предизвика сериозна загриженост. Несогласување изрази и со владината идеја за поделба на Академијата за судии и јавни обвинители. Ѝпорачува на власта материјал за реформи да бара во извештаите на Европската комисија, на Оценската мисија на ЕУ и од скрининг процесот. Амбасадорката на САД, Агелер исто така порача Судскиот совет да ги следи препораките на Оценската мисија и да даде отпор на политичките притисоци.

   

Најново

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

Sase Ivanovski

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Sase Ivanovski

Од ЗОО Скопје потврдија дека е угината мајмунка, но демантираат дека била бремена

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Sase Ivanovski

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Sase Ivanovski

СЕ УРНАА ДВА БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА Едно лице загина, а десетина се повредени во страшната несреќа

Sase Ivanovski

ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Sase Ivanovski

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Sase Ivanovski

Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Заедно кон целта

Sase Ivanovski

ОД ОБИЧНИ МОМЧИЊА ДО ВЕЧНИ ХЕРОИ Одбележана 82-годишнина од стрелањето на 12 младинци од Ваташа

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Две години без Крешник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води, иако започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот

Sase Ivanovski

Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот

Sase Ivanovski

(Видео) Герасимовски нуди конкретни решенија за поквалитетен живот на дебармаалци

Sase Ivanovski

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во државата, тоа се должи на професионалноста и неселективноста во примена на законските процеси

Sase Ivanovski

ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И ОКОЛИНАТА Засега нема информации за евентуални штети

Sase Ivanovski

Зошто нема видеа од напади врз израелски воени објекти: ИДФ забрани објавување на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Во Штипско пронајдени коски налик на човечки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аеродромот во Тел Авив во пламен, жестоки удари низ целата земја

Sase Ivanovski

Трамп очајно сака да избегне војна со Иран, но дали навистина може?

Sase Ivanovski

Инженери на Северна Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата 

Sase Ivanovski

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Sase Ivanovski

Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега

Sase Ivanovski

ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА

Sase Ivanovski

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕТО ВО МИНЕСОТА Уби конгресменка и рани сенатор

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената

Sase Ivanovski

Нова нафтена криза на повидок? AДАК ги советува Германците да ги наполнат резервоарите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата Дебарца наскоро со нов лик за побезбедно движење

Sase Ivanovski

Трамп нареди проширување на мерките за притворање и депортација на мигранти низ САД

Sase Ivanovski

Руската амбасада ги евакуира Русите од Иран по копнен пат

Sase Ivanovski

Земјотрес во Македонија, регистриран предмалку во западниот регион

Sase Ivanovski

Шестмина возачи уапсени за безобѕирно возење викендов низ Македонија!

Sase Ivanovski

(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико Мадрид на стартот клупскиот Мундијал

Sase Ivanovski

Алиу: Дисперзија на онколошки услуги и дигитализација – приоритети во здравството

Sase Ivanovski

Црни луѓе

Sase Ivanovski

„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран

Sase Ivanovski

Правна дилема: Дали Османи и Димитров имале овластување да потпишуваат протоколи со Бугарија во врска со Францускиот предлог?

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. „Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.

Sase Ivanovski

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од денес

Sase Ivanovski

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski
Вчитувам....