МАКТЕЛ

    

Гласавме против себе во ОН

      

Ме прашуваат од локално.мк за мислење за гласањето на РС Македонија во Генералното собрание на ОН. Зборуваме, се разбира за резолуцијата за Украина. Повод беше тригодишнината од почетокот на војната, на 22 февруари 2022. Некни бил ден на целодневни гласања во светската организација, какви што паметам од мојата работа таму.

Претпладнето се гласало во Генералното собрание. Европејците не се согласиле со текстот на американската резолуција чиј конспозори е Македонија: барале, со сопствена верзија на резолуцијата, да има и осуда на руската агресија. Америка не се согласила и инсистирала само на прекин на војната. Победила европската линија со 95 гласови „за“, „против“ биле Америка и Русија (Нема вечни пријатели или вечни непријатели, туку само вечни интереси, рекол Черчил) а 65 држави биле „воздржани“. Попладнето, истата тема била на дневен ред на Советот за безбедност кој има 15 членови, 5 од кои се постојаните членки. Таму победила американската верзија со 10 „за“, меѓу кои Америка, Русија и Кина, и 5 „воздржани“, меѓу кои Франција и Британија, постојани членки на СБ.

   

Бидејќи резолуцијата на Советот за Безбедност, а не онаа на Генералното собрание, има обврзувачко дејство, победи ставот за брз крај на војната без осуда на руската агресија. Франција и Британија кои имаат право на вето, во поддршка на мирот, се воздржале од гласање.

Ние гласавме, како што постојано подвлекува власта, со „нашиот стратешки партнер“. Да си со најмоќната држава во светот, да ја имаш нејзината благонаклоност, во принцип е добро сопствената држава и народ. Сепак, од првите денови на нашето членство во светската организација ориентир во гласањето на државите од групата земји од Источна Европа, дваесет и една на број, беше како ќе гласаат државите на ЕУ. Конечно, ние сме држава на европскиот континент а нашата стратешка цел беше членство во ЕУ. Со време, тоа и се случи: државите од Централна и од Источна Европа се приклучија на европскиот сојуз. Се сеќавам дека во деведесеттите, мојот колега претставникот на Албанија во ОН, без многу да размислува за ставот на Европа, редовно го притискаше копчето „за“ кога се работеше за американска резолуција. Тоа го правеа и една група мали земји од Пацификот.Не велам дека тоа беше лоша политика во тие тешки времиња за посткомунистичките држави на Источна Европа или за малите островски држави. Тогаш, во Македонија, сè уште не беше во оптек кованицата „виткање кичма“.

Но, инстиктивно, во обид да ја држам кичмата на Македонија што е можно поисправена и во отсуство на директиви од Скопје, состојба карактеристична за сите држави од Источна Европа, гласав со ЕУ државите. Значи, водев, колку што можам, внимание за реномето на мојата тукушто роденa држава. Зашто, веројатно не знаете дека по објавувањето на резултатите од гласањето на големата електронска табла во Генералното собрание има секакви реакции: од одобрување до негодување, па и до потсмешливи коментари на сметка на државите. Погодувате: потсмев предизвикуваше „виткање кичма“ пред Америка. И тогаш кога ЕУ и Америка беа едно.

Проблемот денес е во тоа што, во новата геополитика, Америка ја напушта Европа и континентот ќе мора да мисли со своја глава за својата заедничка безбедност и надворешна политика. Да нема забуна ќе повторам: не ја напуштаме ние Америка, Америка ја напушта Европа. Затоа, сега, неспоредливо повеќе од тогаш, е потребна европска солидарностСе разбира, и добри односи со Америка. Дилемата е како сето тоа да се вообличи во една конзистентна надворешна политика. Во минатото, странските дипломати во Македонија знаева често да коментираат дека нашите политичари не умеат да мислат стратешки. Еве уште една потврда со новата власт дека е така. Стратешки да мислиш значи да ги разбереш на прав начин големите поместувања во светската политика и да ја прилагодиш сопствената. Тука не помагаат никакви лични пријателства. Па, ние го имавме за пријател државниот секретар на Америка Лоренс Иглбергер наречен „Лоренс од Македонија“ и знаеме што може човек визави интересите на политиката и на државите.

Во контекст на големите промени, се плашам дека власта погрешно ја чита меѓународната политика и кога денес упорно се повикува на нашето стратешко партнерство со Америка. А прашање е дали новата администрација знае за партнерството и дали тоа воопшто нешто и значи. Помислете: ако на Америка малку и значи стратешкото партнерство со ЕУ, ова со Македонија не и значи ама баш ништо. Ние, пак, мртви сериозни, малку, малку ќе се повикаме на „нашиот стратешки партнер“. Британците барем смогнале сила да се насмеат на сопствена сметка и честото повикување на „специјалните односи“ меѓу Велика Британија и Америка. Некој рекол: Американско-британските „специјални односи“ се толку специјални што само едната страна (Британија) знае за нивното постоење.

Епилог: Финалето на гласањето во ОН, фала му на Бога, беше во прилог на мирот. Имено, иако европските земји, Франција и Британија, имаат право не вето, тие не ја блокираа резолуцијата која повикува на мир. Сакаа само да се осуди праксата на насилна промена на границите. Ако разбереме дека ретко кој би се осмелил да ги оспори границите на Британија и на Франција, нуклеарни сили, тогаш тој дел од резолуцијата се однесуваше за нас, малите држави. Во таа смисла, ние гласавме против себе.

Денко Малески

  

Најново

Трамп прво сака примирје во Украина, а потоа разговори за мировни сили

Sase Ivanovski

Сојузот помеѓу Трамп и Ендру Тејт се создаваше долго

Sase Ivanovski

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

Sase Ivanovski

Македонија и САД – голем влог и голем ризик

Sase Ivanovski

Европските амбасадори лути на Мицкоски: „Правете го тоа што го зборувате“

Sase Ivanovski

Уапсен „Сокол“ екс директорот на затворот Шутка

Sase Ivanovski

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ИРЛ: Од што се плаши Латас кога ве поттикнува да нè силувате и линчувате

Sase Ivanovski

Дуда: На 16.03 ве чекаме на трка во Крива Паланка дојдете со вашето милениче затоа што сме пет френдли град , другари, фамилија и заедно да истрчаме 5 км или 1км

Sase Ivanovski

80 ГОДИНИ – ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Големината на Јапонија vs Европа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа

Sase Ivanovski

Петровска: Намерата на Кочовска беше да бидам омаловажена

Sase Ivanovski

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење за контекстот произлезен од нејзината реплика, Петровска да престане да глуми жртва и да се соочи со својата одговорност

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје,  Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потврдено партнерството со САД, зголемена економска соработка со Хрватска, исплатени субвенции на пчеларите

Sase Ivanovski

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Дурмиши : Дали Владата има намера да го одблокира социјалниот дијалог во интерес на работниците?

Sase Ivanovski

„Добро сторивме“, вели претседателката за резолуциите во ООН

Sase Ivanovski

Филипче: Шокиран сум од денешната навреда од министерката Кочоска кон пратеничката Петровска

Sase Ivanovski

Жозе Мурињо доби суспензија поради коментарите по дербито со Галатасарај

Sase Ivanovski

Рубио „кимнува“ за коридорот Индија-ЕУ

Sase Ivanovski

Илир Мета останува во притвор, најавува жалба во Стразбур

Sase Ivanovski

Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа.

Sase Ivanovski

ГРОМ е згрозен од безобразието и некултурата на министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска

Sase Ivanovski

Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Исламската верска заедница му се налути на Уставниот суд, не ѝ се допаѓа што повел постапка

Sase Ivanovski

Рубио објаснува зошто Трамп сака да ги затопли односите со Москва

Sase Ivanovski

Магла на Стража и накај Крушево, возачите да внимаваат

Sase Ivanovski

Трамп или Путин – кој ја тера Европа да се вооружува?

Sase Ivanovski

Легендарниот Земан примен во болница, доживеал мозочен удар

Sase Ivanovski

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје, Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стаменкоска-Трајкоска: Во 2021 година Клиниката за онкологија до Фондот за здравство исплатила фактури за потрошени лекови чиј износ бил за 9 милиони денари понизок од износот евидентиран во материјалната евиденција, штетата која ја нанесе СДС е непоправлива

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Мисајловски: До кога ќе терате со политички притисоци врз припадниците на АРМ?

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода

Sase Ivanovski

Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.

Sase Ivanovski

Александар Трајановски од денеска повеќе не е заменик градоначалник на Град Скопје

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Учествувам на пленарна сесија на Комитетот за градење на отпорност, во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Sase Ivanovski

Косовци избегале и оставиле комбе со 180 пакети храна кај Танушевци

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski

МНР отповика осум амбасадори

Sase Ivanovski

Ваша пратка, ваши правила: Доаѓа ли новото ниво на удобност во доставата?

Sase Ivanovski

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: јавната расправа за Концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не вродува со плод

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена

Sase Ivanovski

Џеф Безос воведe нови насоки за новинарите на Вашингтон пост, уредникот на рубриката Мислења даде отказ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Sase Ivanovski

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Sase Ivanovski

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

Sase Ivanovski

Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игрите Garden Story и World War Z Aftermat се бесплатни на Epic Games уште денес

Sase Ivanovski

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп

Sase Ivanovski

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва

Sase Ivanovski

ДОМ бара ремедијација на локацијата во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДОМНЕ, Кирков: Зоолошката градина која за една година ќе прави 100 години од своето постоење ги доживува своите најтемни денови

Sase Ivanovski

Средба на Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. со генералниот секретар на Долниот Дом на Британскиот парламент, Том Голдсмит

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО) БРАКО/Грин Машинс: 9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ЕДРМ: СО ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ДО ПОЧИСТА И ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти, обезбедуваме пристојни услови за живот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките

Sase Ivanovski

Град Скопје: Демант на изјава на Алаксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

Sase Ivanovski

Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПАБСЕК во Истанбул

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во нашата држава би претставувал враќање на довербата на младите во институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: 732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Sase Ivanovski
Вчитувам....