Јован Деспотовски од СДСМ денеска во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 истакна дека гласовите за кандидатот за претседател Максим Димитревски биле од разочарани членови на СДСМ.
– Да бидеме реални, ако гледаме како бројка вклучително и тие што ги освои нашиот кандидат, гласачкото тело е тука, и тоа е една охрабрувачка порака за сите оние кои што гравитираат околу СДСМ – вели Деспотовски.
Тој додава дека клучното прашање е што треба сега да направи СДСМ.
– Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг, а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски – додаде Деспотовски.