Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се уште актуелната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ја замени со поранешниот министер, Зоран Ставрески, вели аналитичарот и екс-министер, Џевдет Хајредини.
Хајредини во објава на Фејсбук истакнува дека Ставрески е познат како десна рака на поранешниот премиер Никола Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, а потоа негов заменик. – Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот „Скопје 2014“ се потрошија една милјарда евра – пари на народот и „кога немавме леб, а купувавме чоколади“. Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој. Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО од која зедоа близу 30 милиони евра мито – вели тој.