Во тек е настанот и еден од најголемите денови во поп-кулутрата „May the 4th Be With You“ пандан на познатата фраза од Star Wars “Мау The Force Be with You”. Овој настан трае неколку дена, започна вчера, каде што на сите гејминг платформи можете да купите и од постарите и од поновите игри од Star Wars универзумот. Универзум кој според приказната не е во иднина туку се случува „A Long Long Time Ago in a Galaxy Far Far Away“. Прва добра препорака е акционата игра Jedi Fallen Order, првиот дел, од новата Jedi франшиза. Играта не е лесна но не е ни претешка, меѓутоа нуди огромна сатисфакција и има голем фактор што нуди играње на играта одново и одново. Собирање на сите награди и предмети во оваа игра е полесно за разлика од многу други игри.
Вториот дел, Jedi Survivor, исто добар како и првиот дел, во него се внесени наградби како новитети од кој најмаркнтен е „Lightsaber Greatsword” додатокот. Првиот дел Jedi Fallen Order е на 85% попуст на Steam и сега чини само 6 евра наместо 40 евра. Вториот дел Jedi Survivor е на 80% попуст и чини 12 евра наместо 60 евра што е редовната цена на која се враќа по истекување на настанот. На второ место ви ја препорачуваме играта Jedi Accademy која што го има најдобриот мултиплеер мод од сите игри од франшизата. Фанови на играта активно ја играат до денес. Играта во редовна продажба е 10 евра, но сега чини само 2 ипол евра.
Последната препорака е за серијалот е Star Wars: KOTOR, односно Star Wars Knigths of the Old Republic 1 и 2 една од најдобрите RPG игри, коишто беа урнек за поставеноста и стилот и за Mass Effect серијалот. Секако ликот на „Реван“ го има само во овие игри и во онлајн верзијата има продолжена приказна. Овој карактер се уште го нема во филмскиот унивезум, но сите фанови го очекуваат. А како игри од евентов што вреди да се спомнат се серијалот Star Wars: The Force Unleashed и една од првичните Star Wars Battlefront постари игри кај што е појавува првпат како игрив лик и Mace Windu. Тука можат да се погледнат сите попусти на платформата Стим.Извор: Новинска агенција МЕТА