МАКТЕЛ

     

„Голема Србија“ низ диви води?!

      

Мерсел Биљали

Две илјади години стара мудрост од Цицерон вели: „Законите стануваат по глупави додека империјата се приближува кон својот крај“. Лудилото на антички Рим отишло дотаму што Калигула го прогласил својот коњ за сенатор, а Нерон го запалил Рим за да добие инспирација да напише песна. Веќе подолг период Западен Балкан е заложник на хаотична ментална состојба на Вучиќ и неговиот верен слуга Додик. Српски аналитичар вели – „тоа е типичен балкански пример како едни наместо рехабилитација по институти за ментално здравје, тие водат држави“! И тоа во име на некаква личната среќа, а на сметка на целата овдешна колективна несреќа. Додека Додик провокативно ќе ја пее песната „Јачи смо од судбине“ во дуел со неговиот шеф од оваа страна на Дрина, милиона млади Срби ги затворат ушите. Уморни се од профитер-политичари чие хоби се час заканите со отцепување, час глумењето смирена и насмеана мајка на добро воспитано дете која дома вреска како ненормална. Со години ветуваа мед и млеко, а во реалноста лук и вода.

   

И тоа во време кога тектонските плочи на меѓународната безбедност сериозно се поместени. ОН, Советот за безбедност, ОБСЕ и други меѓународни структури веќе наликуваат во невладини здруженија, и кога единствена функционална меѓународна безбедносна формула останува – „снајдете се сами“! Членките на меѓународната заедница не можат веќе да се договорат ниту околу тоа колку дена има неделата! А нам тука во Балканот брзо мирот ни станува здодевен! По видливото слабеење на меѓународниот безбедносен систем и кршењето на кормилото на НАТО, Вучиќ и Додик тргнаа кон долгогодшната нивна фантазија наречена „српски свет“, што е синоним и акроним за „Голема Србија“. Таквиот проект би ги вклучил Србија, Република Српска, Косово и Црна Гора (па дури и Македонија)! Додик по кој знае кој пат пак прогласи сецесија од БиХ, но ете за несреќа пак чемецот негде му заглави! Можеби поради звучниот топ кој заплашува против големата тишината што силно одекнува!

Во меѓувреме, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа заедничка „Декларација за одбранбена соработка“, која е синоним за некаков заеднички одбранбен сојуз, соодветно заканите од Србија и Република Српска. Трите регионални држави имаат за цел „да ја зголемат безбедноста во Југоисточна Европа и да ја подобрат подготвеноста против сегашните и идните закани“, се вели во текстот на „Декларацијата“ што го објави хрватското Министерство за одбрана, откако договорот предизвика остри критики во Србија. Сигурни извори велат дека сега се разговара за вклучување и на Бугарија кон договорот. Изгледа српскиот проект за „велика Србија“ стана ептен добар акумулатор за колективен регионален гнев. Официјално се вели дека трите држави потпишаа декларација за зајакнување на воената соработка, потврдувајќи ја – „намерата за зајакнување на трилатералната безбедносна и одбранбена соработка за подобрување на безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа и Јадранско-јонскиот регион“, нагласувајќи ја „важноста на заедничките напори во одговорот на новите безбедносни предизвици, хибридните закани и другите ризици кои можат да ја загрозат европската и меѓународната стабилност на регионот“.

Србија жестоко протестирала дека „ова е прекршување на субрегионален договор за контрола на вооружувањето од 1996 година, но од реакциите од Хрватска и некои други делови од регионот видовме дека тие не се многу заинтересирани за тој договор. Речиси сум убеден дека НАТО не бил ниту информиран и дека не им било ни кажано кои договори се прекршени“ – рече конфузно Вучиќ. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ на „X“ рече дека помина времето кога Хрватска го прашувала Белград што смее и како треба да го направи тоа. Кога станува збор за содржината на декларацијата, тој истакна дека соработката со Албанија и Косово е фокусирана на размена на знаења, соработка меѓу воените индустрии и поддршка на евроатлантскиот пат итн.

Декларацијата идентификува четири области на соработка – промовирање на одбранбените способности и индустриска соработка; подобрување на интероперабилноста преку едукација, обука и вежби; борба против хибридните закани и зајакнување на отпорноста и поддршка на евроатлантските интеграции. Тоа, меѓу другото, значи дека ќе се истражат „можностите за развој и стекнување одбранбени способности преку мултинационални решенија за зголемување на подготвеноста на воените сили“, како и зголемување на „инвестиции во нови технологии и иновации за забрзување и обезбедување унифициран пристап кон безбедносната и одбранбената трансформација“.

Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и ќе се вклучат во борбата против хибридните закани, но и ќе ги координираат политиките за евроатланска интеграција. Kако и да е, факт дека бродот на „Српскиот свет“ (Голема Србија) плови низ крајно опасни диви води и дека прашање на моменти кога ќе се скрши по тие големи карпи. Не се вели за џабе – со свој камен по своја глава! Смешни се тврдењата дека и Србија сега разговара за свој воен блок. Имено, според српски Курир, Вучиќ и унгарскиот премиер Орбан веќе се во преговори за контрасојуз, кај што наводно би влегле и Македонија и Република Српска!

Треба да се додаде дека во овој момент веста за ваков евентуален сојуз не е официјално потврдена, а веста ниту Вучиќ ниту Орбан не ја коментираат. Но тоа ќе беше најкратко можниот пат за европско расчистување со Орбан кој во Брисел веќе има наполнето многу вреќи гнев. Башка што малдите Срби се пробудија. Тие не сакаат веќе во име на сè-српството, да ја прокоцкат нивната иднина за финансиските интереси на Вучиќ, Вулин и Додик. Тие докажаа дека можат да соберат над пола милион незадоволници. Да пробате да газите по толкав нормален свет – во најмала рака можете да завршите како Чаушеску.

Само Србите не можат да живеат со други?!

Балканот со децении е во психичка тортура поради аспирациите на одделни српски политичари за голема Србија. Во име на таквиот нивен „идеал“ во регионот беа водени неколку крвави војни. И една силна Франција се согласува повеќе од четири милиони етнички Французи да живеат надвор од нивната матична држава (околу 24 отсто од населението во Белгија се Французи, а во Швајцарија околу 20 отсто). И силната Германија не оспорува дека околу 29 проценти од етничките Германци живеат во други држави – Австрија, Холандија и Швајцарија. Дури и Русите живеат во трите балтичките земји.

Со Украина војуваат за други причини, а етничкото им е само покритие. По која логика Вучиќ како и неговите претходници кои водеа крвави војни мислат дека сите Срби мора да живеат во иста држава? Па та самата го држи Санџак кај што живеат други, потоа што ќе прави со повеќе-етничката Војводина, со Прешевската долина итн?! Надежта дека тука е „мајката“ Русија, е голема фантазија. Таа веќе три години е заглавена во калта на Украина. Едно време за неколку часа таа ги окупираше Унгарија (1956) и Чехословачка (1968), ама тоа е веќе далечно минато. Работите се сменија. Русија е веќе многу е ослабнета. Украина деновиве ја промовира сопствената чудо од ракета наречена „Нептун“, која се смета за легенда од крстосувачка ракета со домет од над 1.000 километри.

Мината недела таа успешно ја тестираше таа нејзина прва крстаречка ракета со долг дострел, погодувајќи рафинерија за нафта во Туапсе, во рускиот регион Краснодарски. Нападот предизвика голем пожар со кој пожарникарите се бореа цели три дена. Украина веќе успеала да оневозможи околу 10 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.

Каде е Македонија!?

Македонската влада треба да престане да флертува со режимите на Вучиќ, Додик и Орбан. Цела Европа го има изолирано Орбан, а нам тој ни стана ептен „голем брат“! Дека тој ќе ни ги реши проблемите со својата Рубиковата коцака е надвор од секој елементарен ум! Власта направи суштинска грешка што го донесе Додик во Скопје, кого освен Србија, Унгарија и Русија, ниедна друга европска држава не го прифаќа, бидејќи е на сите можни црни листи. Нему не му помогнал ниту капата од Трамп (МАГА). За голема жал власта, трошејќи ја својата енергија додворејќи му се на ѓаволот, го доведе дома пеколот. Ние треба да разбереме дека не сме кадар за големи игри, било тоа и тука регионални! Прва задача треба да ни е грижата за младите кои сè помалку ги има тука! А некои ни завршуваат трегично. Потребна е нова истрага, вклчитено и за продажбата на лесно запаљивите модуларни болници!

 

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....