Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама, по вчерашните избори е на пат да освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Според Централната изборна комисија во Албанија, до утринските часови пребројани се 1083 гласачки кутии од вкупно 5225. Од досега обработениот материјал, Социјалистичката партија на Еди Рама е во убедливо водство со 53,26% од гласовите. Социјалистите досега освоија 82 мандати, со најдобри резултати во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан. А коалицијата предводена од Демократската партија има 50 мандати.
Лидерот на Демократската партија Сали Бериша, на прес конференцијата синоќа не беше јасен дали ќе ги признае изборните резултати и само нагласи дека силеџиите од Драч имаат намера да ги фалсификуваат. И Излезните анкети покажуваат триумф на Еди Рама. „Социјалистите освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од Албениан пост”, објави Топ чанел.