Андреас Трајковски кој е единствен претставник на Македонија на Европското атлетско првенство во сала кое се одржува во Холандија успеа да обезбеди пласман во финалето. Во квалификациите денеска Трајковски скокна 8.85 метри и тоа беше доволно за седмото место со кое си обезбеди финалето во кое утре ќе се натпреваруваат најдобрите осум.
Станува збор за голем успех на Трајковски бидејќи Македонија за првпат ќе има свој претставник во финална дисциплина на Европско првенство. Скокот од 7.85 метри беше и најдобар за Трајковски оваа сезона, претходно во првите две серии скокна 7.51 и 7.77. Победник во квалификациите беше Гелсон Барде од Португалија кој оствари скок од 8.11 метри.
