Писмо кое пристигна во нашата редакција…
Здраво, Овде Горан од ДЕЛТА ЕЛЕКТРО, најпогодениот објект од поплавата на 01.04.2025 во Пинтија по излевање на Маркова река од “коритото” кое е се само не корито на една река, кое со децении не е исчистено. Би ве замолил малку да испитате што направи општината и како ни помогна на нас и другите зафатени објекти. НИКАКО. Со прст не мрдна. Не треба, сами се средуваме. Единствено нешто што треба да објавите е статија каде прво ќе ја повикате прво општината да го исчисти коритото од многу ѓубре особено после мостот накај Драчево, кој уште малку може да се сруши, но тоа е друг проблем, а потоа и да направи насип од страната на стопанските објекти да ги заштити од следно излевање.
Трпиме огромни штети од незаинтересираноста за овој проблем на одговорните во општината. А од друга страна вработуваме еден куп луѓе и од нас живеат многу фамилии. Негрижата за објектите во оваа индустриска зона ќе направи да голем број фирми се преселат, а веќе знам и голем број објекти што стојат празни односно никој не сака да рента тука, апропо значи ќе се намалат приходите во општината. Поздрав.