53-годишен жител на Гостивар доби кривична пријава откако при кавга во продавница во градот, извадил нож и се обидел да нападне негов сограѓанин, информираат од полицијата.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Р.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 10.03.2025 во продажен објект во Гостивар, поради претходно недоразбирање, пријавениот се обидел со нож да го нападне Н.Т.(46)“, пишува во полицискиот билтен.